Можеш да даваш белка. Исто како што даваш и жолчка. Ја сирење не давам (1год има). Супа само домашна (фиде, морков, компир/грашок, брокула, пашканат и кромид).
Мама јас дадов сирење на 10 месеци козјо, ама го киснам цела ноќ во вода за да се одсоли па сабајлето давам со тарана или палента.
Доручек секогаш житарка со овошје, и јогурт некогаш додавам. Зависи што имате воведено, овес, просо, киноа, амарант, спелта, гриз, палента со овошје.
Гриз со овошје/ гриз со морков и јаболко, палента со кисело млеко ( доколку имате почнато со млечно ), палента со овошје, просо и банана, ориз и јаболко ( јас сутлијаш и правам ). Ова ми паѓа моментално на памет
@stsmua05 Би додала овесни снегулки со јаболко, овесни снегулки со банана и какао, овесни снегулки со кајсии и вишни (ја ставам плус засладувач од урми или маџун)
Ај и јас да додадам Круша, дуња, блага тиква, боровинки, капинки, авокадо, зрнца калинка, свежи сливи, суви сливи без конзерванс кои даваат многу убава блажина.. Сето ова со било која житарка што ја имаш воведено. И можеш да комбинираш со неколку овошки, не мора 1-2. Јас редам и по 4-5 @stsmua05
11: (морав да пишам како за прв пат палачинки успешно изедени) Д: Палачинки од овес, жолчка, банана Р: Ориз со спанаќ и кис млеко В: Морков кромид и киноа
Исто како палента, гриз 2-3 лажици зависи со што го комбинирам, вода да покрие 1-2цм од гризот Ваков од дм зимам
Како ја приготвувате дуњата и со што ја комбинирате? Каши не давам, мислев во мафини или нешто друго? До сега ни јас немам јадено. Едит: сум ја згрешила малку темата.
Варена или печена на четвртинки и дадов, тој средишниот дел убави извади го. Можеш и во мафин, ако си имаш некој основен рецепт само во средина стави пире од дуња. Вчера мафините за нејзе беа со тиква, а за нас истите со екстра слатко од дуња во средина .
Неделно мени Што лесно ми е вака Д: чиа потопено во адд + банана + капини + рибизли Р: телешко + батат + бебе ајвар + целер В: овесни с во јогурт + нектарина Д: амарант + спелта малку + авокадо + папаја + црешки + лист кокос Р: петле + хељда + праз + пашканат + цвекло В: проја погачка + км Д: просо + кајсија + банана + путер лешник Р: палента + моцарела + јајце + КМ + путер В : Хипп инстант бисквит Д: киноа шарена + праска + круша + урма + вишни Р: зајачко + леќа црвена !+ морков + целер + малку и.ориз В: тикварник Д: крупник снегулки + јаболко + манго + смоква + путер бадем Р: фава + ципура + праз + кромид + лук В: чиа пудинг + аронија и боровници Д: јачмен + костен + праска + слива + малини Р: теле + грашок + карфиол + брокула + батат + тиквица В: јуфки и јогурт Д: овесни с + јапонска јаболка + банана + јаболка + блитва + крушка Р: кус кус + урда + тиквица + путер + км В: Мултигреин со адд + вишни