Malovo koga jade avokado i slivi ( ne gi kombiniram zaedno) kaka Po 3 pati na den koga cvrsto koga tecno , ve molam za sovet
Може, јас се водам по хрватската група каде важи дека после 6м бебето може да внесува се сезонско од овошје и зеленчук. А што се однесува за какањто од авокадо и сливи, не гледам проблем. Нека си кака детето.
Суви сливи , суви кајсии ( има без шеќер,органски ) можеш веќе да даваш. Знаеш , ќе ги киснеш прво во вода па после ставаш во кашата . Јапонското е пребогато со вит Ц , јас би почекала барем до 7ми мес. Посекако тоа сега почнува да зрее, ќе го имаш цела зима . Друго од суво овошје не знам што би можела да дадеш . Урми Ама рано ти е и за нив . Јас суви смокви не давам оти сите се со шеќери . Си замрзнав од нашите па такви давам . Суво грозје не сум почнала да давам пошто ни свежо не сум . Догодина ќе јаде грозје Тие тропските овошја низ маркетите што се суви се преполни со шеќери и такви не би дала .
@Bubce38 кога се дава грозје? Јас прво со тоа почнав летово на 5 месеци, си шмукаше бебка со сласт, сега од тоа покасно што зрее и ставам по зрно, две во каша кога имам дома.
Немам поима искрено . Јас годинава Не давам дека нашето цело го прскаа. Имаме многу грозје и заборавивме да оставиме нешто неиспрскано. Затоа од следна година ќе давам . Ама гледам во сокчињата на Хипп има грозје а пишува од 4+ или 5+ .. Дадов еднаш само уствари , чисто да видам дали ќе има реакција , немаше
Може ќе знае некој овде. Зошто кога печам или варам јаболчиња, на пола пресечени, исчистени од семки, ама со лупка, ми се крева внатрешноста од јаболкото како мафин? Ај вака некако да објаснам не знаев како да го изгуглам. Ми станува така многу кашесто, тоа значи дека предолго се готвени или има некој трик. Со крушите не ми се прави вака.
Кај мене така се прави од некој вид јаболки, или пак ако многу ги готвам на пареа. Јас ем ги лупам и на кришки.
11+ Вчера: Д: Палачинки од киноа, како додаток варена крушка и јаболче Р: Домат, морков, киноа, со малку босилек и оригано В: "Ќофтенца" од батат, тиквица, морков со пченкарно брашно и павлака Денес: Д: Палачинки од овес, банана и јаболко Р: Ќофтињата од вечерата пак со павлака В: Палента со кис. млеко Утре: Д: Мафини од јаболко со брашно од спелта Р: (ќе воведувам моцарела) Готова Хип каша со моцарела и домати В: Тарана или лепче со јогурт
Многу ги печиш/вариш. На јаболкото му треба буквално само некоја минута во загреана рерна да се запечи. Јас на јако угреана рерна ги ставам ,со вентилатор. А и зависи од сортата на јаболкото . Тие едни црвени киселки што се , тие се баш водлести .
Па да Само Не често од јапонските Претпоставувам дека јадете по 120-130 гр каша сега, тоа значи доволно ти е 1/4 од јаболкото + некое друго овошје и житарка нели .
Моја измислица беа дека нејќеше тие да ги јаде за ручек пасирани Сварив батат, тиквица и морков, и додадов пченично брашно додека да се оформи цврста смеса, јас имав 1 батат со пола тиквичка и 1 морков и додадов 2 лажици големи брашно. Ги печев на 200 отприлика 20тина мин.
Јас куркума дадов , шо фин шмек и даде на хељдата . Со петле и други зеленчуци беше оброкот. Сега сакам оригано. Ама ретко давам компир , не знам дали ќе иде со батат ориганото Магданос не би дала годинава , се мислам дал босилок или па димљус да ставам утре во фавата Едит : димљус е мента / нане Никако да се научам 'македонски' да пишам
Д: Овесна каша, јаболка, крушка и банана (не знаев дека толку ќе и се свиѓа, 200гр излапка и уште сакаше) Р: Макарони со сос од патлиџан, морков, брокула и карфиол
Da ..po tolku jademe..ednoto do dusa po 100 najcesto a drugoto po 150..i da si pitum pravo dalibda vivedum heljda i od koja da kupum?