Сакав да кажам дека на веб страната на бискидс се по цена од 189. Оти јас еднаш нарачував директно од нив по карго ми праќаа
Јас сакав да ве прашам за тие кашички, овошните и ги давам ги јаде, но оние со месо на декларацијата пишува и сол, ги давате ли тие? Јас или ги давам на деца со повеќе од годинка, а неколку теглички фрлив оти им помина рокот. Мајка ми упорно такви и купува, само тие ги има најверојатно во продавницата што пазарува
Колку сол има, што пишува? И глупо прашање ама не ми доаѓа на ум, Мелен ориз домашен како го спремате пред мелење? Нели треба да се измие? Миете, сушите па мелете или?
Може Нека покиснат во вода/адд/јогурт и може да ги блендираш потоа . Да им додаваш овошје , какао , путер од јатки, или па само така да ги даваш
0.27 Пишаната возраст нема врска со состојките. Со ист состав може да биде и 4+ и 8+. Само што 4+ ќе биде ептен мазна, а 8+ има покрупни парченца. Едит: и на тие овошните што се со бисквити, бисквитите се со шеќер
Не е страшно ич, сепак им требаат и минерали. Плус еден оброк јаде со месо, во другите каши не би требало да има. Мене и за флашираната вода ми рекоа кога ќе почнеме со оброци да не ја вријам/греам многу за да не се уништуваат минералите.
Конечноооо му се врати апетитот По цел ден ам ам ам ам ам 1г ++ Д - Просо банана и сок од портокал У - Попара со 2 кришки леб и кис млеко Р - Модар домат, тиквички, домат и леќа печени. ( Цел огромен тањир изеде со сласт ) В - Кришка со авокадо и после пак му се јадеше па гриз пола чинија
Може, јас ги мелам како брашно и ги додавам на крај во овошјето пример. Така нема потреба да се потопуваат претходно или варат, дека ситни веднаш набабруваат и се јадат. Мене ми е попрактично, затоа ги мелам.
Некоја моја измислица ама битно јадеше. Сварив леќа, додека таа се вареше, исецкав тиквички, модар домат и домат, додадов малце босилек и оригано и ги печев во мала тава. Отприлика 15тина мин на 200. Кога се свари леќата само ја помешав со се. И печев уште 10мин.