Доручек е во 7-8, пред прва дремка пијат 60 мл млеко околу 10, околу 1 ручек, okolu 4-5 вечера, околу 7 се успиваат и пијат од 60-90 млеко, околу 11-12 пијат 60 и околу 5 пијат 150. Одкако сме со каши многу намалија на млеко
Мени за вчера: Доручек: кајсија со инстант пченка на хипп, Ручек: блендирано вариво од тиквица, спанаќ, ориз, морков и прв пат кромид малку, В. 4 вида житарки со Ад, варено јаболче и купечка слива. Обично мешам од овошните кашички, ги делам на 2 пати. Инаку бебе е скоро 7м, а имаме 3 оброци со одобрение од педијатар бидејќи ореку ден тотално одбива млеко и седи гладен цел ден. На 5 месеци почнав со вкусови за 2 недели воведов ручек, пред некој ден вечера. Денес спремен е доручек: Пченка, слива и јаболче (ради столицата). Ќе дадам за прв пат гриз обичен, плавиот со бебе. Сварив малку, па ќе продолжам со кашава. Ручек ќе биде нешто зеленчуково, тиква, ориз, морков, тиквица, кромид. Кога сум веќе кај ручекот, колку често давате спанаќ? Вечера омилената млечна кашичка на синко, блендорана пола банана и поча круша, со било која житарка, приремано со ад. Млеко може да се напие само ако спие подолго од 2 саати преку ден, а тоа е еднаш максумум и тоа само 120мл Ад, а не според возраста како што е предвидено. Препорачајте некоја инстант кашичка за навечер? Риба кога почнавте?
Јас спанаќ давам двапати неделно. Можеш чоколино, фрутолино, или млеко и бисквити (дека и ние малку млеко пиеме па вечерите најчесто ни се овие со млеко). 8+ сме и планирам оваа недела да дадам риба.
Гледав чоколино, фрутолино, ама во сосѕав со шеќер, па се помислив. Кексолиното па со путер и млеко е. А какви бисквитки јадете? Имам глутен воведено, ама не и млечни производи, не јајце...
Баш ги гледав. А ноќната каша што има какао и бисквити, ја воведувате посебно? Немам воведено какао (од колку беше?) и бисквита сакам сега, да земам од Хипп, искуство?
Кексолиното нема шеќер? Бисквити BisKids од ДМ види дали имаат млеко/јајце, шеќер немаат. И на babylove што се за над годинка немаат шеќер, тврди се ама со млекце потопени за вечера можеш да ги даваш. Јас додавам малку банана и какао, и гостење невидено е
Сите бисквити се или со шеќер или со млеко. И јас барав баш и не најдов. Само тие срцата на Бејбилов се без млеко и шеќер, со агаве сируп се.
Хип ноќна каша од бисквити (види слика) на мојава и' беше апсолутен фаворит. Може да се дава од 6ти месец а ти тамам имаш воведено глутен. За какаото искрено не памтам кога се воведуваше. Едноставно некоја од ноќниве имаше какао и така го проба првпат (немаше реакција)
Имаат и млеко и јајца. Мене ми е тоа што имаат шеќер на второ место во составот. Ако зборуваме за истите
Имаат да, преска дека у маркет ги читав па се залетав да земам ама кога прочитав среќа не купив. Моја грешка едно мислам друго пишувам ( инаку на Подравка користиме)
Д. Круша, слива, ржано снегулки Р. Ориз, брокула, праз, морков, риба, маслиново масло В. Палента, к.млеко и урда во план