Се откажа на 5 скроз. Ми снема и млеко. Преминав на Ад. Откако почнав со вкусови, прифаќа Ад отрпилика 2 пати на ден и ноќе на 2 3 саати.
Јас спанаќ му давам еднаш неделно, а месо до сега само младо телешко и му давам 4 пати. 1-2 пати жолчка ама по пола, цела не ја сака. Риба по листава што ја имам од педијатарот вика од 10 месеци. Инстант ноќни каши мојов од Хип ноќните во тегла ги обожава, а и тие во кутија што се јаболко овес или фрутолино исто ги сака. Ама ги избегнувам дека имаат шеќер. Често му правам јас овес/гриз со ад и малку банана или круша пример колку минимално да заблажи.
А ако за вечера даваш то,тогаш за доручек што даваш? Некоја идеја да не се повторвам едно па исто да јади...
За вечера некогаш давам и палента/овес со јогурт или кисело млеко. Истово може и за доручек некогаш. Инаку во доручекот не ставам ад никогаш. Повеќе е на овошје плус житарка. И јас мислам дека све едно исто јаде ама гледам готовите каши или овие во кутија што се поретко да ги користам, а олеснуваат многу признавам. Еве уште една идеја за вечера бисквити со млеко, ова еднаш неделно. Јас ги користам на лино. Едит: во вечерните каши ставам многу помалку овошје, пример 1/3 од тоа што би ставила за доручек ама и количински помалку јаде тогаш.
Д. Круша, кајсија, просо Р. Домашна чорба/супа( не бев дома, мајка ми му дала од таа што беше за нас, со зачини со се по ред) В. Јогурт со лепче
Вчера Д: кајгана на путер, лепче, јогурт и крушка У: шмукалче Р:мисиркино, компир, морков, брокула В: овесни снегулки со кисело млеко Денес Д: Јуфки со јогурт Р: печена пастрмка, сладок компир, морков и тиквичка В: попара од мафини со банана и јаболка
Д. Овесни, круша, слива, кокосово м. Измеѓу јадеше пола гмечена банана и една лино бисквита( мама денес пресреќна дека детево јаде пасирана храна ) Р. Батат, цвекло, брокула, жолчка, црвен кромид, путер В. Немам смислено ама најверојатно јаболко со гриз
Д: беби бисквит, јаболче и банана Р: кромид, спанаќ, ориз, морков и жолчка В: нешто со јогурт ќе биде
Д. Гриз со слива, крушка и кокосово. Р. Тиква, тиквица, морков, ориз и пашканат В. Хип ноќна, житарки со јаболко.