Д. Праска, сува слива, просо и цеден сок од пола мандарина.( многу му се допадна) Р. Компир, карфиол, зајак, лук, тиквица, маслиново, семе од коприва. В. Палента, к.млеко и абц сирење (ако помине)
Д: печена тиква, јаболко и гриз Р: сладок компир, карфиол, црвена пиперка и малку праз В: палента со крушка
Д: тиква, банана, овесни, чиа У: бисквита, тиква и банана по малку од се Р: булгур, морков, брокула В: каша со јаболка и пишкоти
8 месеци точно 8 и 30 млеко ад 150мл 11 каша овошна со житарки или гриз обавезно 150-190грама 14 часот млеко 150мл 16 и 30 зеленчукова 150-180грама 19 часот ноќна каша хип со ад млеко 150-190грама Навечер некогаш станва за млеко некогаш не. Што мислите океј сме вака или малце е?
Ориз ќе дадам од нашиот, изблендиран, не можам да најдам овде мелен бебешки. Блитва ќе давам утре и морков. Оди нели? Ориз, блитва и морков? Исто нареден ден се мислма цвекло, батат и блитва? Следно е јајце и риба.
И јас комбинирам спанаќ или блитва со ориз и морков. Цвекло со батат, карфиол, морков, карфиол правам.
Батат и јајце( плус додаден зеленчук) најобожавана комбинација кај нас. И јас од почеток ориз обичен му давам, веднаш се вари за него колку треба кога количински малку ставаш. Ориз со се оди, затоа што мојов месо многу сака. Гледам во хрватската група на фб, даваат јаткасти плодови многу рано. Се плашам да воведам, а имам убави лешници и ореви. Кога планирате да дадете?
Д. Банана, авокадо, 3 лино бисквити Р. Ориз, карфиол, грашок, малку морков, пилешко, маслиново, семе од коприва В. Домашна супа со малку лепче
Д: овесни со јаболко и малку кокосово масло Р: црвена леќа (прв пат) со цвекло, тиквичка и кромид В: батат, јаболко и киноа