Д: овесни со вишна и малина Р: купечка со телешко В: Просо со банана и какао Од се едвај по 4, 5 лажички касна, денес штрајкува со јадењево се надевам нема да потрае фазава
Д. Овесни, вишни, банана Р. Телешко, морков, пченка, компир, лук В. Пробав со готова ноќна каша, не ја сакаше( не ми ги сака готовите ваљда дека имаат појак вкус на млеко) па заврши со лепче и јогурт
Ај пишете ми рецепт за мафини..овие од интернет некако како ептен меки ми излегуваат и внатре мислиш недопечени.Не знам дали од јаболката или до шпоретот е..си ги лапкаат ама мене ми се чудни некако
Д. Банана, авокадо, бисквита Р. Чорба од брокула, малку компир, праз, морков, семе од коприва В. Круша со некоја житарка
Колку месеци е бебето? И дали измеѓу пиете млеко и колку? Ептен ми се бендисват рецептите секој ден што ги постираш
Фала ти, мило ми е. 10 месеци е бебко. Цица да,кога сака колку сака, отприлика 4-5 пати дневно и 2-3 пати ноќе.
Д. Јаболко, кајсија, просо Р. Палента, жолчка, путер, карфиол, спанаќ, млад кромид В. Сутлијаш со вишни (прв пат ќе ја пробувам комбинацијава)
Ние почнавме со зеленчук, тоа многу го сака. Јаболкото и крушата пред да ги блендирам дали да ги сварам?
Д. Гриз, праска, цеден сок од половина портокал. Р. Телешко, компир, тиквичка, црвена пиперка, лук, семе од коприва, путер В. Јаболко, бисквита
Сакам да ве прашам. Од кое мисиркино мевце купувате и колку пати к.млеко и јогурче давате. Малиот ми е 8 месеци
Бебе е 6++, скоро 7 месеци. Вчера: Ручек: Лосос, просо, карфиол, тиквица, жолт морков и маслиново. Вечера: Ноќна каша на Хоп со гриз и какао. Ја обожава. И доење.
Вчера: Д. Круша, овесни, малини, малку банана Р. Риба, пченка, ориз, праз, малку морков, маслиново масло В. Супа и лепче Денес Д. Јаболко, кајсија, ржани снегулки, сок од портокал Р. Јајце, батат, тиквичка, брокула,путер,кромид, семе од коприва В. Праска со гриз најверојатно