Мајки по колку грама ви е појадок а по колку ручек? Ако може некоја да ми пише некако бебе како не најадено ми е.. 8м Д: Овесни и крушка Р: Палента, батат и тиквица
Р: телешко месо со батат и тиквичка Утре планирам кромид да воведам, со што е најдобро за комбинирање?
Можеш со на претходнава комбинација + кромид. Компир, морков + кромид. Месо, брокула, кромид. Може во се да се стави.
Мајки може предлог вечера за 8 месеци бебе а да не се житарки и палента, не јаде такви работи поради што и прават проблем и повраќа па педијатер ми рече да не и давам. Немам веќе идеи за вечера ако може помош?! Фала ви
Јас не знам што е со поврзаноста морков и запек ама кај нас не е случај. Пробај, може воопшто нема да му смета.
Можам овошје за вечера? Читав негде не било убаво да се дава овошје за вечера поради шеќер во него и баш сакав да прашам искуства.
И педијатар и патронажна ме советуваа да почекам со морков и ориз. Не знам, страв ми е. Последната недела му е супер столицата, изгледа се средува веќе, па може да пробам со помали количини.
Незнам Ништо не ми кажал такво матичниот, а може, има шекерче А што комбинации без житарки и овошје нема мн избор, нека кажат поискусните
И мене ми рекоа не овошје за вечера. Поради шеќерот може да влијае на спиењето Да се редактирам. Другарка ми дава макарони, е не знам од кој месец можеш да воведеш. Ваљда има некој тестенини за бебиња, не знам може тропам глупости. Можеш и комбинации со млеко, пример бискоти. Кисело млеко со некој неутрален зеленчук…
Бебе 6 и пол месеци Доручек : 210мл млеко со житарки Ручек: компир со пилешко месо, грашок и морков + десерт овошен јогурт Ужина: 150мл млеко и овошна кашичка од јаболко Вечера: 210мл млеко со житарки
Круша или печена јаболка. 9+++ Д. Мирабелле хип каша и киноа Р. Спанаќ, ориз, жолчка и грчки јогурт В. Ноќна на хип