Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Да, 3 оброка и ужина. Како што ми кажа педијатарот, така. :)
     
    На Mother of 2boys и Doktor F им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    6.189
    Пол:
    Женски
    Не би да се правам педијатар, ама ова е многу оптеретување на стомачето на толку мала возраст. Сепак ти си знаеш
     
    На X.X, joy1, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Да, во шишето со ад млеко ги мешам, секогаш различно, овес, пченица, ориз итн.
     
  4. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Мали количини се пример за ручек околу 120г кашичка со месо и зеленчук и околу 30г овошен јогурт. За ужина околу 60г овошна кашичка, останатото е млеко.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    6.189
    Пол:
    Женски
    6+++
    Р: суви сливи, авокадо, киноа и кокосово масло.

    Прв пат со малку парчиња внатре, бебе се утепа правејќи таква фаца како да се дави. Ми се скрати животот. Како реагирате кога прават вака ги оставате или преземате нешто? Многу тежок момент ми е, не знам дали ќе го надминам стравот
     
  6. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    34.882
    Пол:
    Женски
    А зошто форсираш парчиња?
    Еве го годинка наполни, тек сега почнува да јаде парчиња, ама главните оброци во главно се блендирани. Големиот има 9 год, па до 20месеци сум пасирала/блендирала, еве го сега оди сопри го со јадење.
    Муабетот ми е дека не е уште спремно за парчиња.
     
    На Bizbiz, H.VAGA и Anturium им се допаѓа ова.
  7. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Јас ја оставам, гаг рефлекс е.
    Сега ако почне стварно да се дави ќе приметиш сигурно, а вака оставам да помине.
    Се разјаде бебе или уште не?
    Мојава до 10 лаж максимум е уште.
     
    На Fudbalgirl и Anturium им се допаѓа ова.
  8. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Јадењето парчиња си има свои предности, плус е добро за развој на забалото.
    До 20 месеци не се согласувам дека е ок да јаде блендирано ама нели секој си одлучува сам за своето дете и што е најдобро за него.
     
    На Pocahontas.93, H.VAGA, Anturium и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Бебе 6 и пол месеци:

    8ч - доручек: 210мл млеко со 1 кафена лажичка житарки

    12ч - ручек: спанаќ со ориз и мелено телешко месо (90г) + 90мл млеко

    15.30ч - ужина: 150мл млеко + кашичка од јагоди (60г)

    Вечера ќе биде во 20ч: 210мл млеко со 1 кл житарки
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    2.472
    Oд 20:00 до 8 сабајле спие? Се буди за млеко?
     
  11. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Wow :o :o :o
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Да, спие воопшто не се буди навечер, така е уште откако дојдовме од болница. Дење дремнува по трипати по 30мин после јадење.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Времето и количините се од прилика :D
     
  14. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Ова е по некои западно-европски правила или кај нас?
    Гледам и јагоди одма и три оброка па и ужина.
     
  15. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Да, во Франција живеам. На сите вака ни кажуваат. Педијатарот ми препорача да давам и јајце (белка и жолчка) од 6 месеци исто и јаткасто овошје по 2-3 пати неделно. IMG_20230503_151534.jpg IMG_20230503_153619.jpg
     
    На velesanka и Doktor F им се допаѓа ова.
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    6.189
    Пол:
    Женски
    Не форсирам, само пробав денес како ќе иде. Не беше класично парчиња, туку не скроз блендирано. Искрено не сакам да заглави на блендирана храна, има многу последици. Ама ако нејќе тоа е, битно ми е да јаде :D


    Изгледа се разјаде, ама не се фалам многу да не смени :D 3 дена си изеде 100гр без многу молење. Не беше баш лакомо јадење со ќееф, ама отвараше уста и нудев, за да се збркам кога видов празна чинијата:party: Денес изеде 40 гр само, дека со парчиња. Ама и јас немав живци повеќе да му давам гледајќи го со гаг рефлексот
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Знаев дека не е тука, ние немаме протокол ниту пак правила што да се воведува.
    Се сѐ сведува на кој како ке си одлучи.
    Доколку не ти е тешко преведи ни да не се мачиме со јадење и разјадување.
     
  18. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски

    Превод и мало објаснување :

    Меѓу 4 и 6 месеци:

    Доручек - 150-210мл млеко или доење со 1 до 2 кафени лажички житарки БЕЗ глутен.

    Ручек - кашичка од зеленчук + млеко 150-180мл. Се почнува со една супена лажица кашичка од зеленчук (околу 20г) , по една недела се зголемува количината на 2 супени лажици, по 3 недели на 3... До колку што може бебе да изеде + млеко колку што може да испие. Се дава било кој зеленчук, нема правило. Кога се воведува нов зеленчук истиот се дава 2-3 дена по ред за да се види дали бебето е алергично. Може да се додаваат неколку капки масло на пример маслиново.

    Ужина - млеко 180-210мл + кашичка од овошје. Овошјето се воведува 15 дена после зеленчукот. Може било кое овошје, нема правило(може јагоди). Се почитува истото правило, на почеток по 1 супена лажица, наредната недела 2 итн. Кога се воведува ново овошје истото се дава 2-3 дена по ред заради алергии
    .
    Вечера - во млекото може да се додаде 1-2 кафени лажички житарки БЕЗ глутен ако немало за доручек.
    Значи, на почеток се даваат житарки еднаш на ден, наутро или навечер.

    * Педијатарот ми препорача прво да воведам зеленчук, па потоа овошје оти овошјето е благо и лесно го прифаќаат бебињата, а зеленчукот малку потешко. :D
    Некои бебиња потешко се навикнуваат на нови вкусови. Ако бебето не го сака вкусот на некој зеленчук или овошје кога ќе го проба првпат, може да се даде пак по една недела или еден месец повторно да проба за да се навикне на вкусот. На некои бебиња им е потребно да пробаат нешто дури до 10 пати за да го засакаат вкусот. :o

    Меѓу 6 и 8 месеци:

    Доручек е исто - млеко колку што може да испие бебето + 1 до 2 кафени лажички житарки СО глутен.

    Ручек - се воведува месо риба и јајце(белка и жолчка) по 1 кафена лажичка или 10г на ден. Ако со храна се почнало на 4 месеци, на полни 6 месеци се воведуваат само протеини. Ако се почнува на 6 важи истото правило, прво по 1 супена лажица зеленчук, па 2, 3 итн. По 15 дена од зеленчукот за ужина се воведува овошје(прво 1 сл, па 2...), па по 15 дена од овошјето за ручек се воведуваат протеини 10г на ден (мислам на 9 или 10 месеци може по 20г). И се разбира + млеко колку што може да пие 120/150/180мл... Наместо млеко може да се даде за проба и овошен јогурт (без шеќер за бебиња) или неколку лажици овошје како десерт ама не мора.
    Некои педијатри препорачуваат да не се дава млечен производ или млеко ако ручекот содржи протеини. Нашиот педијатар рече да давам млеко (или јогурт) најмалку до 10 месеци. Во кашичката се додава малку масло.

    Ужина е исто, млеко и овошна кашичка плус препорачливо е да се дава кашичка или некој намаз од јаткасто овошје (без шеќер) 2-3 пати неделно, по пола кафена лажичка колку да лижни бебето за проба. Може и малку овошен јогурт плус од млекото колку за проба.

    Вечера е исто млеко со 1 до 2 лажички житарки СО глутен. Житарки може да се даваат по малку наутро и/или навечер. Може и да се дава и по неколку лажици кашичка од зеленчук без месо ако сака бебето(мислам дека ова е за 8+ месеци).


    ** Количините се напишани отприлика, сѐ зависи од апетитот на бебето и дали прифаќа да јаде нови вкусови. На некои бебиња им треба повеќе време да се навикинат.
    Бројот на оброци е исто само како пример, не е строго правило, пак зависи од апетитот на бебето.
    Моето бебе на почетокот кога имаше 4 месеци јадеше/пиеше по 5 пати на ден - по малку на секои 3 - 3 и пол часа (150 до 180мл млеко). Пред околу 2 недели почна да јаде/пие повеќе (180-210мл) на секои 3 и пол - 4 часа.
    Меѓу оброци може да се дава вода (на полни 6 месеци).

    За 8+ месеци мислам дека е исто, само поголеми количини и кашичките да не се скроз изблендирани туку да се како пасирани, да има мали меки парчиња за бебето да се навикне на нови текстури и да "џвака".

    Овие не се строги правила туку препораки за полесно воведување на храна.

    Правило е: до 1 година бебето треба да пие минимум по 500мл млеко на ден (мајчино или ад, не обично од тетрапак). Обично млеко се препорачува од 3 години, некои даваат порано. Да не се даваат пијалоци со многу шеќер, не треба да се дава сувомеснато, непастеризирано млеко и млечни производи и мед.

    Редактирање: Ако е домашно готвено - зеленчукот треба да биде готвен (варен, обарен или печен), свеж зеленчук не знам кога може да се дава. Овошјето може да биде готвено или свежо, ако е свежо треба да е многу зрело.
     
    Последна измена: 4 мај 2023
    На LiquidLuna, velesanka, Mandela и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.947
    Допаѓања:
    6.189
    Пол:
    Женски
    6+++
    Р: брокула, пилешко месо, киноа и масло од репка

    Лук може да воведам веќе?
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    6++++
    Р: Мисиркино, морков, брокула, тиква и малку круша :lol: (морав круша малку иначе не јадеше и за чудо не беше лошо)
    В: круша и тиква.