Е тоа е друго да, Јас сепак мислам дека е рано за вечера во 5, можеби уште една тура млекце само па потоа вечера околу 7.
Вечерата ја давам околу 6 часот, ручекот ако е со месо го држи и 4 часа без проблем бидеќи јаде количински доволно околу 220гр. Најчесто гледам 3.5 часа разлика да биде ручек/вечера а издржува и 4 часа без млеко измеѓу. После тоа во 9:30 заспива со млеко.
Мојот јаде мн малку и не го држи толку. Ќе пробам ако огладнува пред 5 ќе му давам малку млеко. Тоа додека да се разјаде повеќе, уште имам надеж
Ние сме на Ад, нашата рутина е следна. Млеко пие околу 7 30, доручек околу 10 30. Ручекот е околу 2 30 -3 и вечера давам околу 5 30 -6 И пред спиење уште едно млеко во период зависи од вечерата околу 8 30 до 9 30 максимум.
Ручаше во 2, па пиеше млеко во 4, во 7 вечера и 9 пак млеко. Супер испадна вака само што некако нема замена за млеко сеуште. Кога ќе се разјаде повеќе сигурно ќе има промена на редот. Да си кажам мените право: Р- батат, пилешко месо, лук и масло од репка В- бискоти со ад
Бебе 7 месеци Доручек и вечера: млеко со житарки Ручек: сладок компир, грашок и телешко месо Ужина ќе биде млеко и кашичка од јаболко
Кој бискоти ги давате? немам уште почнато да давам со ад и која количина правиш? Млеко пред легнување нас ние ад па се мислам да и дојде мн млеко ?
Ние сме 7 месеци и бебе јаде само блендирано, никако не сака да има парчиња во касичките.Ако има почнува да се мршти и гади и одбива да јаде.Секој ден пред јадење варам некој зеленчук и го оставам пред него со желба дека ке го проба барем.Он само го згмечи и фрли, гмечи и фрли.Цел месец сме вака ни еднаш не проба.А се друго што му дадам играчки право во уста ја носи.Се загрижувам не сакам да биде само на блендирано, сакам да се учи да жвака, страв ми е да не имаме подоцна проблем со јадење.Некој со слично оскуство?
Моето е 9++ верувала или не од пред една недела почна да јаде палента. Донтогаш и варев пченкарно брашно. Едноставно не можеше, се давеше И сега се е блендирано, а ако се појави грутка се дави. Од жолчка па да не кажувам мислиш ја фатил некој за гуша, а и таа е блендирана во каша. Тоа е. Ќе излезат повеќе запчиња и ќе почнат да џвакаат. Мојава 2 месеци се учеше да јаде. Се убив од фрлање храна. Големата на нејзина возраст ми јадеше пасирано со вилушка, само месо блендирав. Секое различно ама па ни едно не останало ненаучено хамбургер да јаде
Еве овие, членка тука пред некој ден ми ги кажа ама не знам дали ги има во мк. 2 бискоти растворам во 60мл топло ад, одма се топат. Мојот јаде околу 50-60 грама каша околу 7 и во 9 пак пие ад