Јас и дадов нешто пред годинка зошто требаше да тргне во градинка а таму во каши оди само кравјо млеко. Уште цица (13,5 месеци) кашите дома и ги правам со кравјо млеко
Нема потреба ноќе да даваш тетрапак млеко, плус ако и сеуште цица нема зошто ни денски. Можеш во кашички да ставаш ако сакаш.
Појадок: јајце со хумус, кефир и ореви Ручек: батат, брокула, лук, морков, пиперка и Шери Вечера: овес со сливи и бадеми Измеѓу ужинка од боровинки, исечкано јаболко, калинка 1+
Како ја даваш калинката? Јас купив ама уште немам храброст да дадам. Топчињата така си ги јаде или ги гмечеш некако?
Боровинки и јас оддамна давам малку и ги стиснувам со прстите и така ги јаде. Ќе пробам утре калинка така
Здраво мајки бебето е 8 месеци пред недела почнав да воведуваме жолчка почнав со 1/4 бебето имаше многу течна столица ај си велам од крушите и од сливи многу пие сокче, еве вчера дадов малку цвекло со компири пак утрово исто покажано беше ептен, дали исто се случило некому од воведување нови намирници, незнам веќе што да правам а мора да внесува, железото и беше прилично слабо пред месец дена...
Да ја сефтосам темава. Со големиот многу постирави тука и во инстаграм, со ова сум заборавила. 9+ Д: авокадо, слива, круша + мелени орев Р: печени црвена и зелена пиперка и модар домат, лукче, варен компир и зајачко мевце В: планирано е пченка од хип+јогурт
11 месеци Сабота: Д: мафини од просо, спелтино брашно, јаболко, круша, боровинки, сусам Р: Телешко, тиква, брокула, тиквица, лук В: Тарана со урда Недела: Д: вафла од овесни снегулки, банана, путер од кикирики, капини Р: Мисиркино со басмати ориз, морков, ц.пиперка, кромид В: Тостирана палента со домат и крем сир
Вчера Д: пченка, круша, слива Р: жолчка, малку белка, домат, пиперка, тиквица В: печена тиква со ад Денес Д: овес, јогурт, банана, вишни Р: зајачко, ориз, морков, кромид, маслиново В: готова млечна каша Утре Д: просо, круша, грозје, мелени ореви Р: гравче со печена црвена пиперка и печен модар домат В: палента со јогурт
@Ano , каде наоѓаш зајачко месо? Он топик Д: овес, јаболко, банана и дуња Р: компир, морков, кромид, пилешко и маслиново масло В: мусли со малина на Холе, плус боровинки,со Ад
Ова го купив во Тинекс (Лиса). По нарачка набавувале, ова било за некој муштерија, ама не дошол па ни го дадоа. Инаку во веро џамбо има, баш мајка ми минатата недела ми проверуваше за да знам да одам да купам. Порано и во Трница купував, ама последно кога прашав во тоа во Аеродром немаа и не знаеа дали ќе добиваат
Фала. Не сум од Ск, ќе прашам во локалниот Тинекс дали може да донесат. Или пак гледам на Бебелан каши со зајачко месо. Може и таква опција колку за проба, дали ќе и се допадне.
Пробајте. Во принцип суво месо е. Ние и за нас сме спремале, ама специфично е мора да се зготви уббаво. За бебињава не е страшно особено ако блендираш, а во принцип е здраво.