Д: спелтини снегулки, јаболко, круша, аронија, костен Р: телешко, макарони, брокула, сос од грашок, брокула, шери, лук и маслиново В: тотално фијаско Домашно кисело млеко со лепче не го сакаше, па ај со овесни снегулки нова каша направив и таа не, па ај додадов и двопек пак не, па додадов боровинки и така не сакаше и на крај ад и дадов а кашите јас си ги изедов.
Д: овес со авокадо и банана и малку какао Р: телешко со сладок компир и тиквица во градинка кога е ми бараат и ужинка и најчесто кисело млеко со некое овошје праќам
Д: авокадо, печени јаболка и тиква, Р: компир, тиквица, грашок, карфиол, морков, лук, пиперче и кромид, домашен путер. В: гриз со АД и малку круша
Денеска живеам во кујна и џабе. Два неуспешни обиди со изедени одвај 3-4 лажички. Д: банана, манго и круша Р: инстант ориз, тиква и брокула Јас ли не знам да ги погодам комбинациите или не ми е јадач детето, не знам. Знам само дека малку се нервирам.
Ех колку храна имам фрлено на почеток Пробај како мене бабицата ме советуваше оризот да го праиш со "полесни" намирници. (ако е до него). со јаболко, слатка тиква, круша додека го прифати. Д: мусли со јаболко и слива Р: телешко, макарони , сос од црвена пиперка, патлиџан и морков В: гриз со боровинки
Прв пат давам ориз денес, може и до него да е, во право си. Не знам стварно, не очекував дека ќе сака сѐ, ама треба стварно да му е погодено за да изеде задоволителна количина. Иначе е со молење и на рати. Се надевам ќе се смени нешто во иднина..
Малата почна многу повеќе да јаде, после месец ипол од првото пробување на нови вкусови, измеѓу беше само мачење. Веќе втора недела сме со доручек и ручек и можам да кажам дека веќе јаде. Бидејќи се уште сме со каши и најдов цака... ги правам по течни.
Мене оризот воопшто не ми го сакаше,баш се паднавме у муабет и бабицата ми викаше оризот сам по себе е "тежок" мешај со полесни работи ,фала богу сега со се го сака,освен со брокула. Скарани сме со неа. *На почеток сте, нормално е и да не јаде и да биира на што ќе отвори уста. До пред недела дена стомакот му знаел само за млеко. Ќе смени не му ја мисли, ќе има периоди каде ќе ја изеде и лажицата а и периоди што нема да сака ни да ја мирисне храната
Болно дете не јаде и не јаде, ама јас упорно во кујна... 10м Д: јаболко, банана, овес, боровинки, спанаќ Р: макарони, морков, брокула, домат, цело јајце В: не знам дали воопшто да нудам или директ млекце
Д: палента, јаболко, цвекло, боровинки, костен Р: печена пастрмка со лук, маслиново и лимон, грав со црвена пиперка и лепче внатре првпат давам грав и не го јадеше В: кисело млеко со овесни вчера не јадеше денес ќе видиме
Д: палента со грчки јогурт Р: ориз, тиквичка, кромид (имам чувство дека му се допаѓа кога има во кашата), маслиново масло
Не се секирај Бела ,ќе јаде ,еве сме 8+ со два оброка ,има периоди неможам да се начудам што убаво си јаде ,не стигнувам да го наполнам лажичето само што ќе лапне, а веќе ме чека со отворено усте,ама па има и периоди кога не отвара усте ма и стој на глава да и направам Имаат периоди најверојатно треба подолго време да ги навикнат мешињата .
Да, сигурно е така. Не се разочарувам, само има денови кога и онака не сум расположена, па и он слабо јаде и сѐ на куп. Ќе се подобриме. Еве денес сонце и одма е подруго.
Денес е мојот таков ден ,веќе касниме со доручек,а госпоѓицава сакаше да спие и спие,а ќе видиме кога ќе стане дали ќе биде успешно јадењето. Некогаш колку и да сакам се да и е таман и на време неможе. Еве денес доручек ќе ни биде во 12,покасно се разбуди па цицаше и презаспа.
Д: мултижитарки, рендано јаболко, бнанана, малку цимет Р: зајачко, цвекло, компир, лукче, малку масло од семка од тиква В: ориз хип, АД, путер од лешник Ручекот денес изненадувачки се изеде без проблем. Незнам дали беше до маслото или беше гладен, ама вака не прошол ручек никогаш
Д: батат, авокадо, банана Пасирано касна 2-3 лажички само и почна да затвара уста. Го изблендирав и од мене нејќеше. Зема татко му да му дава и направи метла. Со смешки, со сѐ.
Искористи го ова паметно Бела. Д: банана, овес, грчки јогурт Р: компир со телешко Ќе вметнев и морков во комбинацијава, ама малку се држиме настрана од портокалови намирници, ми искоментираа мавал малку накај портокалово.
Во моментов користам од хип во кутија. Содржи овес, пченица, спелт, 'рж... кога ќе ги дотрошам планирам да прејдам на тие од дм, мешани снегулки.