Девојки како ги храните дур уште не седат стабилно? Кога го држиме во нас седнат секогаш се клаца напред назад, а истото го прави и во хранилката и нема шанси таму да му давам иако е врзан со каиши. Уште седи во релаксатор и таму јаде. Значи ли ова клатењето нешто или?
8м Д: просо, авокадо, банана, круша, пола жолчка Р: бифтек, батат, карфиол, целер, лук, маслиново В: кисело млеко, овес, печено јаболко. Утре: Д: амарант, печена тиква, круша, манго, пола жолчка. Р: ориз, блитва, тиквица, кромид, маслиново, кисело млеко. В: гриз, АД со слива веројатно. @Bella_Stella на хранилка стабилно седеше кога почнавме со дохрана мада и наслонот кога го исправам скроз нема каде да се клати.
Моето не седи стабилно, а наслонот на хранилката е фиксен. Пробав да ставам перничка позади за да нема простор и да не се клати, ама џабе. Он е превозбуден дека седи таму и не се фокусира на јадењето.
Јасно ми е, и бебе беше превозбуден кога го седнавме на почеток. Да пробаш да го ставаш и кога не е време за оброк, да му помине возудата. Јас давав по некоја играчка да си поседи и одмори од тегнење на земја, баш уживаше.
И јас уште ја хранам во релаксатор( колку е правилно не знам, ама битно најадена е) бидејќи не е стабилна за хранилка. Кај нас не се клати многу, ама знае да се врти, да ми ја зима лажичката, да си игра, па лета храна насекаде и така
Д:овес,круша и јаболко Р:праз,компир,морков и телешко Месо прв пат ќе дадам колку да ставам и дали да давам 3 дена?
10м Д: палента, кисело млеко, банана Р: мисиркино, компир, брокула, морков и малку лукче со маслиново В: без идеја сеуште
Одлична била темава за идеи 8 мес Вчера Д: палента, јаболко, спанаќ Р: кромид, тиквица, морков, телешко, карфиол, просо, маслиново масло В: Холе каша од 3 житарки и кисело млеко Денес: Д: просо, круша, слива Р: батат, морков, боранија, тиквица В: авокадо, банана и кисело млеко
Д: просо, јаболко, киви Р: телешко, сладок компир, карфиол, лукче, малку бамја В: некоја готова ќе е мајкава ќе оди со другарките , па татко ќе се снаоѓа
Многу е кенкава овие два дена и слабо јаде Д: палачинки со овес, јаболко, јајце и цимет коишто завршија на под Р: хипп со пилешко, ориз и зеленчук Ги обожава кашичките на хипп, до толку да се запрашувам дали и готвам добро
Сакам да воведам вечера ама уште не сум дала млечни. Идеи за оброци? Гледам овде 99% се со житарка и млечно. Како звучи варена овесна каша со вода, со малку круша и цимет? Ќе преовладува овесот, другото повеќе за вкус ќе биде.
Глутен има пробано? Кај мене во последно баш сака гриз, оној со плаво и бебе на слика. Варам густо со вода. После ставам малку Ад млеко до посакуваната густина и овошје по избор или цимет, какао. Инаку некогаш рендам овошјето свежо, некогаш прво го варам овошјето, па кога е готово во истата вода, додавам гриз. Оваа комбинација од кај 8 месеци ја правам. Веќе е скоро 10.
Да се надоврзам кога се спомна какао. Имам од дм био какао. Дали можам така сирово да и ставам малку во каша? Посебно во инстант кашите со оглед на тоа дека не се прават со зовриена него само со топла вода.
Јас ставам малку на врв на лажичка. Или колку прстофат. Не сум ставила повеќе. Инаку кога варам гриз веќе е зовриена нели водата. Од вечерна инстант каша имам пробано на Хип со банана и какао ама и таа со вода направена.