Ќе проба задутре. Инаку за неколку дена е 7 месеци. На доење е, многу ретко пие адаптирано. Кога се роди појави интолеранција на кравји протеин, па затоа ми фуфка со воведувањето. Ама ќе биде и тоа во следниве недели, барем да знам на што сме. Инаку прв оброк имаше на 6 месеци, почнав со ручек. Сега е таман за втор оброк, решив вечера да биде, мислам дека во овој дел од денот и фали плус храна. Почна и полошо да спие, цела вечер е на цицка залепена. Знам дека има милион фактори за тоа, ама еве и дадов денес пола од предвидената порција колку за проба и се нема разбудено ни еднаш откако заспа. Фала за идејата, добредојдени се и други совети.
@Amore123 , јас следам/следев еден список тука често што се врти, и на него гриз беше од 8-10 месеци ставен. Најдобро педијатар да прашаш, мислам не си во Мкд. За какао кога имам можност органско од Дм, кога немам, се случува да ставам од тоа ние што консумираме. Немам Дм во мојот град и не ми е изводливо да одам до друг град често. @Giovanna , вечерата и мислење што и како и мене ми е/беше најтешка. Давам овие од после 8 месеци сите - палента со јогурт - не обожава - лепче со јогурт - исто не е фан - гриз со ад и овошје - инстант житарки на Хип, ноќни што се. По потреба и плус овошје додавам. - мусли на Холе, 6+ што се, со малина - ретко се случува тестенини да сварам ама не е фан исто - готова ноќна каша, најмногу моево од Нутрино ги сака
Д: палачинките од вчера и палента до јаболко и банана ( во градинка ги изела палачинките, значи мене ме зафркава) Р: готова на хипп со паста , млеко и зеленчук
Може слика од дм какаото иначе јас сурово го ставам во кашите ама не во инстант до сеа инстант каши немам купено.
Па јас викам ако е во домашно нешто варено како гриз или овес е ваљда друго ако ставам какао, а во инстант не е водата врела па затоа некако не знаев. Еве го какаото.
Истото го имам и јас, јас од кога ќе направам гриз или ориз на крај ставам какао не го варам заедно со гризот.
Вчера Д: Овес, боровинки и банана плус малку путер од кикиритки Р: Телешко, компир, морков, кромид В: Гриз, ад, смокви, јаболко Денес Д: Јаболко, кајсија, мултигреин Р: Батат, тиквица, карфиол, грашок В: Чоколино без шеќер Утре Д: Јаболко, сливи, гриз Р: Компир, блитва, варено јајце и малку грчки јогурт В: Тиква со Ад
Д: палента, грчки јогурт, 1/8 жолчка (првпат давам) Р: инстант ориз, брокула, спанаќ, морков, малку маслиново масло
Вчера Д: палента, јаболко, банана Р: брокула, мисиркино, просо, тиквица Ц: инстант ориз, авокадо, банана, кисело млеко Денес Д: просо, круша, слива Р: кромид, морков, леќа, цвекло, амарант В: палента со кисело млеко
Д: авокадо,крушка,јаболка,грчки јогурт,Хип бисквита и малку кокосово масло Р:Телешко,боранија,кромид,компир и маслиново
Вчера Д: компир, морков, тиквичка (Пробавме ‘солена’ варијанта демек може ќе јаде повеќе, ама 5 лажици и запечати уста.) Денес Д: батат, јаболко и банана (Сѐ си изеде и ептен ми направи мерак, што убаво било кога јадат.)
пробај тиква,тиквичка и компир,ќерка ми луда беше по таа комбинација некогаш ставав и кромид денес пробав да му дадам брокула,уста не отвори сварив компир,кромид малку и брокула мене ќе ме изедеше од што му беше вкусно и 2 часа спиеше за чудо
моето бебе од пробување вкусови за 1 месец влезе all in и имаме 2 оброка и плус вечерта накај 18 тоа што му останало од ручек си дојадува .....за 6 месеци нема мн што е дозволено ама бебе бара храна а цица исто како порано значи плус му треба Ве литам гриз над 8 јас веќе дадов .....денес планирам да воведам брокула а здравје од утре и жолчка....знам рано е ама бебо сака да јаде
Ако гледаш по БЛВ, на 6+ се дозволени поголем дел од продуктите. Разликата е таа што кога бебе се храни по БЛВ, на почеток процентот на храна што ја внесува е многу мал зошто се учи да јаде самостојно и внесува количински малку, па постепено зголемува. Кога се даваат каши, извини ама мене не ми е нормално на 6 месеци бебе да има 3 оброци. Воведувањето оброк се прави постепено. Ти си знаеш, твое бебе, твоја одговорност. Може бебето сака да јаде, ама прашањето е дали треба толку да јаде. На желудниче што до вчера знаело само за млеко одеднаш му даваш толку многу храна. Млекото треба да и биде главна храна до 12 месеци. Не за џабе сѐ останато се вика дохрана.
Д: мултижитарки, банана, јаболко и малку путер од кикирики Р: телешко, грашок, морков, лукче В: пчнека со јогурт
Д: киноа, ананас, јаболко, гоџи, мелен орев Р: макарони во сос од леќа, брокула, шери, лук и маслиново В: мултижитарки со кисело млеко