Д: спелтин гриз со боровинки и банана, малку кисело млеко со боровинки Р: Супа со пилешко, морков, компир, пашканат, малку лимон и јајце
Д: просо, јаболко и сува слива Како е можно да изеде одвај 100гр каша и да нејќе повеќе, а одма после тоа да бара да цица? Детево ме манипулира страшно.
10м Д: палачинки со овес, овесно млеко, банана, спанаќ, јајце (ужасен гаг рефлекс, скоро ништо не изеде) Р: црвена леќа, компир, морков, тиквичка, црвена пиперка, спанаќ В: ќе се обидам пак нешто со парчиња, ако имате идеја кажете
Д: мултижитарки и готова каша од праска Р: тестенини со доматен сос и моцарела В: палачинки со банана, јајце и малку цимет.
Исто. Доручек: каша од овес, грчи, банана и авокадо, стварно слатка беше со цимет, ентузијастично јадеше ептен ама после пола тегла мерено не сакаше повеќе уста да отвори, ама ме исцица убаво одма после тоа. Не знам што е проблемот, јас почнав и доручек и ручек да давам или ручек и вечера оти по малце јаде онака.
Д: гриз, круша, слива + малку путер од индиски за проба Р: телешко, сладок компир, карфиол, лукче и малку путер В: ноќна на хип
Слатко им е млекцето, на тоа си се навикнати. Ама ќе биде, ќе се научат. Мојот е банана мен, само да е благичко како збудалено јаде. Вчера и денес имавме успешни оброци, ама сѐ беше благичко. И покрај тоа што изеде по 140-150 гр и двата дена, за пола саат пак бараше да цица. Вчера Д: овес, банана, јаболко и сува слива Денес Д: инстант ориз, банана, јаблко и кајсија
Д: хељда, авокадо, банана, круша, рибизла, аронија Р: телешко, компир, морков, грашок, маслиново В: ноќна на хип
Гриз од крупник од дм. Соджи глутен така да ако не ти е воведен мислам не можеш да го користиш за сега.
Јас од 9 и пол давам ама ретко корка да гризи понекогаш од тој ние што го јадиме или домашен мајка ми кога прави, имам дадено со кисело млеко ама не го сака не е фан на кисело млеко. Можиш да го даваш и за поручек и за вечера со јогурт или кисело млеко. Јас на 7 и пол воведов глутен а се почнува со намирници кои содржат помалу глутен како овес или спелта т.е крупник јас воведов со спелтини снегулки.