Не доцниш ништо Мојот кога имаше еден оброк давав повеќе комбинации со зеленчук, затоа што овошје баш и не обожаваше.
Не е грешка бидејќи сеуште е со еден оброк и можеш да менуваш овошје и зеленчук за појадок. Кога ќе почне да јаде и втор оброк тогаш ќе поделиш наутро овошје, за ручек зеленчук.
Можеби зависи од тоа кога се почнува со дохрана, јас почнав на 4 месеци со препорака од педијатар , значи во ред си. А за зеленчукот јас колку што знам е подобро на ручек се дава, а за доручек овошје, мада не сметам дека е грешка затоа што сеуште си со еден оброк. П.с сега гледам ти пишале и погоре исто
Не можеш на друга мајка да и кажуваш за нејзино дете дали доцни или не. Како што не можеш да тврдиш дека ти си на време со нешто. И моето е 7++ и има само доручек. Полека малку со изјавите.
Онда? Која логика што ми се мешаш што пишувам јас, хаха , јас давам мое искуство секако тоа не значи да е точно, секој за себе најдобро си знае, мајката најдобро си го познава своето дете, но тука сме само да споделуваме искуства, со тоа и да си помогнеме
ОНДА олади. Не се напнувај толку, не е добро. Ти и кажа на девојката дека доцни, без да размислуваш на последиците. Искуство не е да кажуваш дали некој доцни или е на време.
Во палентата го мешам јогуртот.Вишни на 7.5 дадов прв пат и тоа замрзнати само ги обарив,исто така и замрзнати боровинки 8м дадов.
Вчера Д: Палента, круша, банана Р: инстант ориз, телешко, спанаќ, тиквичка, малку лукче Денес Д: просо, круша, цимет Р: просо, брокула, капка-две маслиново масло Слабо креативност деновиве нешто. За утре од тука ќе се инспирирам.
Скоро се воведов после 6м, по БЛВ, боровинки имав домашни замрзнато и му давам скоро со секој доручек неколку во овесната каша, малини немм уште воведено, ама кога ќе има свежи тогаш планирам. Вчера Д: Палента, кисело млеко и манго Р: Телешко(динстано), брокула и тиквица Денес Д: Овес, грчки и јапонска јаболка Р:Планирам макарони со доматен сос и тиквица @Bella_Stella јас цимет дадов пред некој ден, малце наросив колку за мирис. Него какао какво давате? Јас еднаш ставив малце од обичното на краш ама после се змислив дека може треба некое специјално, а гледам му се допдна со банана и овес.