Јас им земав од Свислајон, зарем мора некое посебно? Да не биде ептен некое непознато. Им ставив неколку пати во каши и си јадат.
@1209 На бебе уште не сум дала, а за другите моми купував на Био космос органско какао. И за бебе такво планирам да земам.
Вчера Д: инстант ориз, јаболко и слива Денес Д: овес, банана и кајсија *нов вкус: втор ден телешко, интерес - 0%, гаг рефлекс (иако блендано) - 100% Моево дете освен со зеленчукови и каши со месо, има проблем и со конзистенција. Ако е пасирано или погусто ќе касне 3-4 лажички и запечатува уста. Ќе ја направам истата каша помазна и потечна, јаде како да не видел. Ова со овошните каши, зеленчукови нејќе да душне и прави нагони на повраќање. Страв ми е како ќе биде во иднина, нејкам многу долго да блендам. Секој совет е добредојден. Ако сум офф топик може и во ‘Воведување’.
Официјално започнуваме со доручек. Мада каков апетит има, може одма и ручек да му дадам, нема да се буни. Д: гриз со авокадо, банана, боровинки + парчиња дуња на страна. @Bella_Stella ги зачинуваш зеленчуковите каши? Овошјето е природно благо, затоа го сакаат. Не знам бебе кое јаде зеленчук со истиот ентузијазам како овошје, ги сфаќам и зошто. Ако нема зачин кашите се прилично бљуткави. Јас додавам пример малце лук во прав, кумин, некогаш малце кари. Неколку капки лимон/лимета исто помагаат.
Не ги зачинувам, ама ќе пробам. Користиш зачини од некоја посебна фирма или? Нека ви е наздравје ручкање.
Исто и јас ги зачинувам и јаде без проблем, пример ако е манџа ќе варам со лук и кромид, лаворов лист, мерудија, нане, се што е билкасто, не ставам само сол/вегета, друго се што ставам и за нас. Немаат лош вкус кога ги пробам, пробај така.
Д: просо, дуња, малку банана и путер од лешник Р: телешко, карфиол, тиквичка, морков, црвена пиперка, кромид, масло од репка В: ќе правам мафини од просо, па планирам да му понудам, ако не неговиот ќе оди растопен во јогурт.
Д: Овес, цреши, јапонско јаболко и банана - јаболкото прв пат го воведувам и беше ептен малку Р: компир, кромид, морков, лук, тиквица, маслиново масло и сушено оригано В: гриз со ад, какао и авокадо @Ano , рецепт за мафините?
По овој рецепт ги правев, само за бебе тргнав од смесата пред да ставам сол. За него додадов малку моцарела, за нас сирење, а не сланина како што е во рецептот. Он не беше воодушевен (а кој би без сол ) , а големиот батко и ние се изнајадовме. Втор пат ги правам и мене многу ми се вкусни. Само правам утка двата пати касно ми текнува дека треба просото да е оладено па незнам дали заради тоа ми се прилепуваат на хартиените модли или едноставно таква е смесата. https://moirecepti.mk/post/мафини-од-просо
Ќе испробам некој ден ама во силиконски калапи. За тесто сум пробала ептен ситни парчиња од кифла да дадам, бар горниот дел, по тврд, печен што е, не прави проблем. Ама не сум дала како оброк туку за проба само, неколку трошки што се вика. Еден мафин/кифла би била доволна количина за оброк да се смета?
10+++ Д: банана, јаболко, овес, боровинки, путер од лешник Р: цело јајце, брокула, карфиол, морков, тиквичка В: ноќна на Хипп
Девојки Имам младо домашно петле за мојот бебуш. Ќе сака ли некоја членка да ми објасни како да го подготвам, како да замрзнам, колку кога како се вари.... би ви била благодарна
Д: овес, дуња, јаболко, цимет и путер од лешник Р: пастрмка, морков, лукче, брокула, ориз и масло од репка В: тиква, АД, мелен орев