Д: палента, грчки, 1/2 жолчка Р: просо, спанаќ, брокула, малку праз, маслиново масло Едит: Колку грама треба да е оброкот на 8м бебе, имате ли некаква табела?
Д: Варен компир со млеко и телешко. Р: Спанаќ со прсте путер Од вечера нема потреба сега за сега. Можи рано со компирот ама бебе супер напредува и дигестира веќе четврти месец така што мислам ќе биди ок.
Го исекивме на парчиња од прилика по 50 грама, копани, крилца посебно, во кесички и ги замрзнав. Одмрзнувам, па го варам прво месото малку подолго, додавам з Педијатар нас ни рече 150 грама. Ако сака повеќе давам, ако нејќе толку не форсирам. Д: авокадо, круша, киноа, банана Р: домашно пилешко, брокула, компир, целер, кромид, морков лук, маслиново. Превкусно беше бараше репете В: гриз со АД млеко, печени јаболко и тиква.
Јас сум против замрзнување на зготвена храна. Ни за нас никогаш не замрзнувам не па за бебе. Повеќе труд бара моето ама па мое мислење е дека е поздраво. Може грешам, но така сум терала до сега така планирам и понатака. 8 месеци има бебе, 4 пати месо, 2 пати жолчка и еден ден јаде само зеленчук.
Ти благодарам мила! Мнооогу ти благодарам. Еве и јас го двојам, и јас сум против замрзнување на готвена храна, затоа реков и да прашам!
Вчера Д: овес, тиква и јаболко Денес Д: компир, спанаќ и банана (не знам дали има логика комбинацијава ама нејќеше само компир и спанаќ па морав да го задоволам бананамен) *Нов вкус - Мисиркино. Подобро прифатено од телешкото, ама нејќе густи текстури и крај. Во уста си го разводнува со плунката, го вртка па го голта. Ама добро е си касна доволно за проба.
Вчера Д: авокадо, јапонско јаболко, неколку резанчиња мандарина да ја освежи комбинацијата Р: телешко, компир, морков, бамја, лукче и нормално мораше да се додаде доматен сос за да отвори уста В: пченка хип со јогурт Денес Д: просо со готова каша хип што била српемна за да проба ананас (ананас, кокос, јаболко) Р: јајце, црвена пиперка, кромид, карфиол В: планирам да спремам палачинки со банана и јајца.
Кога веќе вклучив рерна за црвената пиперка и карфиолот го сменив со печен модар домат + лукче. Бебе излапа се. Туку дај кажувајте кога завршувам бам фазата. Кичма немам веќе од кревање играчки кои ги фрла додека се раниме. Додека не кренам не се исправа да отвори уста
Д: овес со боровинки и банана, палачинки со јајце,овес, цимет( кај Стефанија ги видов ), малку јогурт со боровинки Р: Чорба со телешко , целер, компир и морков
Бела кој период од денот даваш месо? Чисто ли го даваш или комбинација ? Иии дали имаш воведено втор оброк? Или само онака даваш за проба
Давам неколку лажички од готова каша за проба само, во периодот кога ручаме околи 16ч. Месо со зеленчук што веќе ни е воведен. Немам воведено ручек сеуште, пробувам да го учам и во тој период да јаде па здравје на полни 8 месеци ќе почнеме со ручек.
Вчера Д: просо, вишна, круша, цимет Р: компир, телешко, праз, морков Денес Д: просо, тиква, банана, вишна Р: просо, батат, телешко, брокула
Вчера вечерата моравме да ја замениме па јадеше пченка хип со јогурт. Денес Д: овес, боровинки, јапонско јаболко, јогурт Р: телешко, модар домат, пиперка, карфиол и масло од репка В: лапка палачинки од банана и јајце
Д: Просо, јаболко и круша *Нов вкус - Мандарина Ептен му се допадна, изгледа пошто јадев по кило мандарини дневно дур бев бремена.
Д: малини, банана, боровинка, овес Р: јајце, карфиол, тиквичка, морков, црвена пиперка В: кисело млеко со банана *** Дали има некоја негативна работа од тоа што 99% од доручеците му се овошје+овес? Овес да се јаде секој ден е ок или не баш?
Јас лично гледам да менувам. Овесот ми е најбрза варијанта зошто не го варам секогаш туку го покиснувам со врела вода. Па кога немам време за друго најчесто давам овес. Зошто не воведеш и други житарки?
Ги имам сите дома-киноа, амарант, хељда, просо...ама многу е нетрпрлив наутро, одма сака доручек, а овесот најбрзо се прави. Се друго треба да отстои во вода пред варење