Покисни ги од вечерта така многу бргу се варат. Или земи инстант каши од други житарки имаш поголем избор. Јас не дека мислам дека е лошо овес. Јас многу често тоа јадам за појадок, ама си треба промена.
Какво искуство имате со модар патличан и алергиска реакција? Пред месец ипол им дадов на моиве првиот ден ништо се беше во ред вториот ден двајцата се исфрлија околу устата. Педијатарот ми кажа да ги измијам со вода и им помина. Сакам да пробам пак али страв ми е.
Не е алергиска реакција, поцитрусен е сокот од модриот патлиџан па ја иритира кожата. Мојот веднаш чим го приближи до уста се поцрвена, ама се повлече веднаш чим го измив.
И јас киснам од вечер тоа што планирам да дадам утрото. Кај големиот кога беше бебе исто се случи еднаш - два пати да има таква реакција, ама многу благо црвенило и го надмина. Обиди се повторно и тоа маскирано со некој понеутрален зеленчук па види.
Сеа може е глупо прашањево, али кои житарки треба да се киснат? Пример јас имам киноа, ама на пакувањето не пишува дека треба да се кисне пишува да се стави во вриена вода 15 мин.
Просо, киноа, хељда-минимум 2ч пред варење, а најубаво преку ноќ. Амарантот може и помалку да стои. Овесот не треба. Ова се препорачува за да се намали фитинската киселина што ја имаат житариците-а која го смалува количеството на железо. Толку знам
Колку време го вариш пилешкото? Јас го варев долго ама пак ко жилаво ми беше и страв ми беше да му дадам го фрлив на кученцето...
Денес баш му варев пилешко(домашно), се свари за саат саат ипол максимум. По жилаво е од купечкото, да. Ако блендираш ќе се изблендира ако е жилаво, јас го сецкам со нож многу ситно и после со зеленчукот со вилушка го пасирам и скоро не се приметува. Иначе кога се брзам во експрес лонец го варам за 15 мин е готово.
Д: овес, банана, круша, боровинка Р: мисиркино, компир, морков, грашок В: гриз, пола авокадо, малку какао и малку сируп од урми
Не сум пишала неколку дена. Д: гриз, малина, јагода, боровинка, слива Д: лепче со намаз од авокадо и омлет Д: лепче со пасирано авокадо и варено јајце Д: киноа со банана и малина Д: киноа со печена тиква
10++ Д: Овес, банана, боровинки и путер од кикиритки Р: Киноа, пилешко, кромид, целер, морков и малку путер - ќе биде за денес В: тиква со Ад + цимет - исто ќе биде
Д: просо, јаболко, тиква, цимет Р планирам: цела жолчка, грчки, палента Може не е ручек комбо, ама немам идеја.
Вчера Д: овес, јаболко, банана, кајсија Денес Д: сладок компир, тиква, јаболко *Денешниот доручек маф. Среќа направив повеќе, детево не можеше да престане да јаде. Ептен мерак ми прави вака.