Вчера Д: овес, банана, јаболко и 1/8 жолчка Денес *пробав само зеленчук да биде ама не и не, бананамен пак стапи на сцена Д: компир, тиква, тиквичка ииии бананаа *Нов вкус - жолчка
Вчера: Д: печена тиква, брокула и карфиол,промешани со јајце и испечени, како палачинки беа. Денес: Д: гриз со банана, малина, боровинка и парче диња.
10+++ Д: просо, банана, круша и ептен мало парче јагода за прв пат. Следни денови ќе наголемуваме. Нема реакција засега. Р: готова каша со мисиркино и брокула В: Мусли на Холе со Ад Прашање: Дали давате домашно цедени сокови на бебе? Пример портокал/мандарина? Немам давано како сок, не е моево фан на сокови, во оброк се случило да вклучам портокал или мандарина.
Како сок не, моето е мало, но мандарина и стискам во лажичка па така ја пие многу ги сака а баш дека е настината и давам секојдневно. Понатака би и цедела секако, само да набавам добар соковник.
Јас почнав да давам мандарина на мали парченца, излупена од ципата. Ама се сецнав кога пред некој ден прочитав во една хрватска група за бебешка исхрана дека бебе од мандарини добило уртикарија и завршило на итна. Наводно за мандарините се користеле јаки пестициди што на нас возрасните не даваат видлива реакција, а кај бебињата да. Од тогаш немам дадено, некако се исплашив. А баш му се допаѓаат.
Немаше реакција, само сокот и го давам. Еве и предмалку,пола мандарина си ја “испи”. Досега на нишо не ми дала реакција. А пестициди за жал во се има.. само претпазливост секако. Јас се плашам парчиња да и давам сеуште..
И јас исто вака на парченца, макар што кај мене е веќе 10+++. Се случува 2 пати неделно да дадам, така да и не е некоја голема количина.
Охрабри се за парчиња, моето е помало, нема 8 месеци. Имаат рефлекс и под надзор слободно можеш да му даваш. Инаку освен од авокадо и он нема до сега од ништо реакција, сѐ чувам во сода пред да приготвувам заради пестицидите, друго и не можеме да направиме повеќе од тоа.
Исто и јас не давам често и не давам голема количина. И бебето што добило уртикарија не изело голема количина ама ете. Можеби биле некои неисконтролирани мандарини со недозволена количина на пестициди па затоа. Имало поголем број на дечиња што од истото завршиле на итна.
Многу лошо искуство со средната ќерка имав со тие парчиња и ми се враќа филмот и не можам никако. Варени,мали парченца даваш?
Варено или печено, мора да се омекнати за да можат да џвакаат. Одредени работи од 9+ смеат и свежи, соодветно исечени. Некои продукти како банана, авокадо и сл. не се обработуваат термички. Можеш да ја симнеш Солид Стартс, таму за секој продукт пишува како се служи. Сепак најважно е да се осеќаш добро. Ако ти ствара анксиозност искуството од претходно тогаш немој да даваш.
Д: просо, дуњи, јаболко, банана и цимет Р: компир, кромид, лук, морков и црвена леќа В: гриз со ад, смокви и јапонско јаболко (ќе биде ова, да се надевам успешно)
11м Д: овес, круша, јаболко, боровинки Р: мисиркино, компир, морков, печена тиква В: тиква, банана, амарант
Вчера д.Овес јаболко цимет р.компир брокула морков в.палента со к.млеко Денес д.просо и банана р.батат телешко тиквица морков в.тиква печена
од пред 3 дена почнавме со вкусови. за прв пат му дадов морков значи го обожава ќе се степа за јадење. денеска ај компир не сака да го смисли се мршти не му е вкусен . и мн нормално така компир пире без сол маргрин млеко не е убав. и јас го пробав не можев да го јадам кажете ми што да правам утре дали да му дадам пак или да го комбинирам со морков или нешто друго? сакам следно јаболко да дадам. дали може со јаболко?