Јас пробав првиот ден со Ад мешано, го исплука. Втор, само компир со водата каде што се вари, пак не беше воодушевена. Е трет ден комбинација со морков, веќе беше успешна. За натаму често мешав нов вкус со веќе пробан.
мислам дека од 6 м е карфиол дозволен и тиквичка внеси тоа па искомбинирај после со компир .... стварно убав вкус даваат на пирето мој предлог ти е ова
ккаво сирење купувате за малечките сакам да воведам знам треба несолено но никогаш не сум пазарела такво па посочете ми кое конкретно е поквалитетно
Официјално влеговме во игра со јадење на парчина Д: пица од хељда со доматен сос моцарела и несолени маслинки (Тестото: варена хељда, едно јајце, малку пециво и три лажици маслиново масло) излезе голема пица за мама,бато и дада Р: брокула, телешко и Кочан Д: лепче печено со јајце, к.млеко и портокал Р: манџа боранија ( исто како и за нас само без сол) Д: мафини од овес со несолена урда ( овес, јајце, кисло млеко или јогурт, маслиново масло, палента и урда) за сите дома.. Р: манџа од сладок компир и телешко со зачини без сол и пола банана
@kjofti4 , колку хељда за првиот рецепт? Изнакупив житарки за бебка ама дека не правам од нив ништо за нас, само така ми остануваат и фрлам по некое време. Вака да вклучам и во наша исхрана.
Утре ќе дадам просо, јаболко и боровница се заебавам ама да, тапа е. Па кога веќе печам јаболки нема да испечам само една, печам неколку па имам за ден-два. Боровинки начекав ефтини и изнакупував, пошо се обично изгор скапи. Гледам да сум економична пошо во толку мали количини спремам за него, не сакам да фрлам расипана храна безвезе само.
Неповикана да споделам предлог идеи - можеш на едно печење да ставиш различни овошја што би требало приближно исто време да се готови. На пример јаболко, круша, тиква. Нареди на еден плех и печи. Банана стои долго во фрижидер, секогаш ми е спас. Исто и овесни снегулки. Малини ако имаш каде да купиш свежи, можеш да ги чуваш замрзнати, ги ставаш само во сварени овесни со вода и готови се. Јајце знам имаш воведено, јас го мешам со палента како најбрза варијанта или правам омлет со спанаќ, млад кромид. Се ова ми се испробани комбинации брзински и гледам работиве да ни се вртат по дома и за неа и за нас, па некој на крај секако ќе ги изеде.
Една шолја не да биди преполната Пица од хељда: Една шолја хељда Едно јајце Пециво половина Маслиново масло 3-4лажици И вода ( од око ќе видиш колку е густа) треба да добиеш со средна гостина ( не многу течна) На хартија за печење првин ја турам смесата да се печи додека да зарумени малку па потоа додавам (моцарела,маслинки,доматно ова по желба што сакаш стависи) Мафини од овес ми се прелесно све ставам во блендер Али све ми е од око Овесно брашно околу една шолја Јогурт или кисело млеко половина шолја Пециво едно 3лажоци палента 3-4лажици маслиново масло 2-3 јајца зависи колку се големи Све во блендер ставам и малку водичка ако е мн густа смесата На крај ставам урда и несолени маслинки и тоа со лажица ги мешам и во калапчина ги турам овде има 12мафини @le.soleil
Д: палачинки од леќа ( леќа варена ја ставам во блендер додадов кромид, лук во прав и едно јајце малку маслиново масло и вода) со кисело млеко ( не у се допадна баш многу мислам дека и се лепеја) и 100гр од холе кесичките од црвено овошје.. Р: тиква печена и кочан варен и мандарина
Мајки хелп и совет. 5 и пол месеци сме, до сега имаме пробано повеќе зеленчук и овошје и само ориз.. Што давате наредно, multi grain, овес...?