Вчера Д: овес, јаболко, цимет Р: телешко, морков, ориз Денес Д: спелтини снегулки со готова каша од кајсија (првпат давам спелта, со неа воведувам глутен) Р: телешко, спанаќ, морков, просо
Девојки, малиот е точно три месеци. Следна недела сме на редовен преглед и секако ќе прашам за воведување на вкусови, но сакав и тука. Кога почнавте и како? Целиот овој сегмент ми е престрашен. Дали спремавте свежо секој пат за пробување на вкусови или купувавте готови кашички со оглед дека адаптацијата трае подолго? Како воведувавте нови намирници и колку чекавте за следно? Дали има некои извори/книги што ви помогнале? Би сакала да практикувам блв, можеби кога ќе дојдат манџите на ред со лажичка јас традиционално да го ранам. дали некоја од вас знае прва помош за да помогне ако детево се задави?
Јајце гледам да е еднаш/два пати неделно, еднаш така како омлет или пасирано, еднаш преку палачинки пример, индиректно. Проблем со печењето е што еве и тиква да испечам, треба да ја вртам ден два повторно, ни јас ни мм не јадеме тикви, се е за малиот. Круша не печам, давам парчиња така, многу е мека, не ја ни пасирам пошо пушта еден куп вода. Бананата му прави запек, гледам да јс избегавам. И останува авокдо и ту там некое овошје Сакам да воведам путер од кикирики следно, па ако нема реакција на тоа да видам дали може да ги користам немлечните варијанти на производи од путер, пример јогурт од кокос/бадем, па да имам повеќе комбинации.
Ќе ти пратам дома ќе бидам утре.. Иначе од пазар ги зема мм кај што се продаваат само маслинки речи несолени имаат големи црни се, мене лично ми се вкусни ги мијам во вода или ќе ги оставам да поседат малку зошто не верувам дека се баш баш ич без сол..
Денес кај баба па све беше од тегличка.. Д: хип кашичка од ноќните и компот пиеше од дунки,сливи и јаболко Р: хип каша болоњезе
Вчера Д: овес, круша и банана Р: мисиркино, компир, морков и грашок Денес Д: овес, тиква и банана Р: сладок компир, брокула и карфиол
Вчера Д: мулти житарки, круша и банана Р: компир, тиква и тиквичка Денес Д: овес, праска и банана Р: телешко, сладок компир и брокула *девојки активирајте се малку, снемувам идеи
Вчера: Д: палента со кисело млеко Р: мисиркино, брокула, ориз, масло од репка В: тестенини со сос од брокула и јогурт Денес: Д: овес со јаболко, банана и цимет Р: киноа, жолчка, карфиол, тиквичка и маслиново В: млечна каша со јаболко на хип
Вчера: Д: овес, тиква, измешано со готова каша од јаболко и боровинка ( комбинацијава од мм ) Р: авокадо со црн грав ( сеуште не е оброк, испробуваме ) Денес: Д: овес со истата каша од јаболко и боровинка плус банана и чиа Р: ќе пробаме телешко со компир
Д: овес, слива, круша и банана Р: мисиркино, сладок компир, брокула, тиквичка, масло од репка и лукче во прав
Додека боледувам, да шкртнам тука: Вчера: Д: палента со праска и круша Р: тестенини со сос од брокула, павлака, многу малку кромид, морков и путер В: семолина со јаболко, слива и цимет Денес: Д: малку дуња за проба, круша, банана, урма и овес (калориска бомба, воодушевени беа) Р: се спрема боранија со телешко, тиквица, кромид и морков В: планирам палента со кисело млеко, наједноставно, а секогаш се најсреќни со тоа