11+ Вчера Д: Мусли на Хип 10+ Р: Компир, тиквица, морков, кромид, црвена леќа В: Сутлијаш (рецепт од бебе готвач) Денес Д: овес, јаболко, сува слива и манго Р: пилешко, карфиол, тиквица, сладок компир В: гриз со Ад, банана и какао Утре (ќе биде) Д: мултигреин, јапонско јаболко и круша Р: Готова каша со телешко В: кус кус, урда и јогурт
Д: палачинки од банана, овес и грчки јогурт Р: телешко, карфиол, морков и подоцна малку печена тиква В: чоколино без шеќер (не пројде убаво, мораше мама да го изеде)
Вчера Д: просо, банана и боровинки Р: компир, морков и тиквичка Денес Д: ориз, јаболко и банана Р: компир, тиква и тиквичка
Вчера Д: мулти житарки, круша и банана Р: мисиркино, праз, брокула, тиквичка, сладок компир и масло Денес Д: овес, јапонско јаболко и цимет Р: инстант ориз, јајце, тиква и карфиол
Само јас си пишувам ама ај. Си барам после идеички. 28.12. 2023 Д: мулти житарки, јаболко, банана и малини Р: компир, морков и тиквичка 29.12.2023 Д: просо, банана, слива Р: телешко, ориз, праз, морков, тиквичка 30.12.2023 Д: мулти житарки, јаболко, банана и слива Р: мисиркино, компир, брокула и морков 31.12.2023 Д: овес, јапонско јаболко и цимет Р: ориз, спанаќ и морков 01.01.2024 Д: мулти житарки, банана, јаболко Р: мисиркино, ориз, брокула и морков Вчера Д: овес, слива и банана Р: мисиркино, сладок компир, тиквичка и карфиол Денес Д: мулти житарки, цвекло, банана и јаболко Р: телешко, ориз, праз, морков, брокула и тиквичка
11+++ Д: овесни палачинки со банана и малку путер од лешник. Конечно најдов време да воведиме лешник во менито. Р: "руска салата" - морков, компир, грашок, малку урда, рендана краставица и лажица грчки јогурт. Се мислев и дали 1/4 јајце да има ама пак да не дојди прекалорично. В: Ноќна каша на Хип
Јас ставив во блендер овесни снегулки, околу 200гр да се сомелат, потоа банана, 1 јајце, малку цимет. По потреба може и млеко/вода, зависи од густината на смесата. Да е погуста смесата, не како за стандардните палачинки. Печев на нелеплива тава само со малку маслиново масло премачкана. Може во печењето да се додадат и боровинки или друго овошје, јас не ставив.
Повеќе врсти на мешавини има. Само види состав убаво, да не има повеќе од 1на состојка што не ви е пробана. https://www.zegin.com.mk/mk/holle-organska-kasha-so-3-zhita-oriz-pchenka-proso-6-meseci-250-g https://www.zegin.com.mk/mk/hipp-bebeshki-ceralii-so-poveke-zhita-200-g https://www.zegin.com.mk/mk/hipp-bebeshki-ceralii-so-poveke-zhita-i-khelda-200-g
Пробав да ги правам палачинкиве со банана, овес и грчки јогурт и јас пред некој ден, завршивме со јогурт и леб на крај од што ме бива за палачинки... ми се исполепија цели, сосе тавче ги фрлив а божем на тивко ги правев... има некоја финта?
Вчера Д: јаболко, банана, манго, просо Р: ориз, спанаќ, жолчка, кисело млеко В: јачменови и ржани снегулки со АД Денес Д: просо, урма, банана, какао, авокадо Р: кромид, морков, кус кус, боранија, мисиркино, маслиново масло В: палента со кисело млеко Утре планирам Д: хип муктигреин, јаболко, цвекло Р: кромид, црвена леќа, киноа, доматен сос, тиквица В: овесни со кисело млеко
Јас ги погодив од седми пат, а божем лесни требаше да бидат. Имам онакво тавче за американски палачинки со форми, ги правам на шпорет на дрва, ама поразгорен. Од бананата брзо потемнуваат, ама ги оставам убаво да се испечат, добиваат румена боја и нараснуваат како крофни кога се спремни за вртење, тогаш лесно се вадат со лажица. Штом ги извадиш спласнуваат, ама убави се. Искрено и јас не знам дали ги погодувам, внатре секогаш ми се како недопечени, ама ги јадат моиве многу, па еднаш неделно се мачиме. Инаку тапа сум за регулар палачинки, а и општо во кујна. Првите пати јас не ги фрлав сосе тавче, мм ги бендисуваше и изгорени и распаднати, само ги појачуваше со нутела, да не биле толку здрави
Тавчето ми било утнато изгледа. Сега земав од Карес, нелепливо за палачинки, па ќе видам викендов дали е стварно до тавчето или до мајсторот
https://www.instagram.com/p/CDbxi5bnR19/?igsh=NHZrOWlna2Q3d3hi Палачинкиве на мајка Ката немаат утка. Многу точна рецепта. Загреј го тавчето на средна температура па тогаш стави од смесата. Остави да се запечат (меурчиња ќе се прават и исчезнуваат) и тогаш превртувај.