Вчера д.просо дуња банана р.ориз тиквица морков в. готова каша Хип Денес д.овес со јаболко и цимет р.батат тиквица и карфиол в.good night каша на хип ѓмогу сум инвентивна со вечериве ....пробав што ми предложивте од прашкастите каши за инстант припрема и бебе после повраќа и од хипп и од фрутолино ....
Некогаш правам батат, карфиол, модар патлиџан и телешко. А и во рандом манџички знам да го ставам, боранија или грашак со тиквичка, модар патлиџан и месо. Само не ставам многу зошто читав дека може проблем со мешето да прави кај тие што се осетливи. Во принцип често ставам што имам моментално во фрижидер.
Ме немаше овде, штрајк со глад имавме. Ќе пишам за некое време наназад во измешан ред. 9++ Д: јаболко, овес, цимет Р: телешко, спанаќ, компир, кромид Д: просо, вишна, банана Р: макарони од спелта со сос од грчки јогурт, жолчка и спанаќ Д: крупник, банана, какао Р: готова кашичка Хипп со мисиркино Д: Хипп инстант каша мешани житарки со слива Р: палента, грчки јогурт Д: овес, тиква, јаболко, цимет Р: телешко, брокула, тиквичка, маслиново, инстант ориз Д: готова каша Хипп со бисквити и банана Р: киноа, карфиол, тиквичка, маслиново масло За вечера Хипп ноќна каша од пред некој ден почнав. Други идеи за вечера скоро и да немам.
Ќе пишам за вечера некоја идеја ама пошто и јас снемувам ако некоја спрема нешто друго нека пише Спелта со млеко (само тоа, ептен сака, пробав со банана ама ич не е фан на банана некако). Палента со јогурт/кисело млеко/грчки, ова ептен сака. Хип ноќни каши повремено давам. Макарони со сос од грчки јогурт и брокула и моцарела. Житарка со обарена брокула и кисело млеко или јогурт. Како што може да приметите брокула форевр.
Го лупам и варам зеленчукот. Месото ми е сварено, и замрзнато па само на крај го додавам. Ние со пасирано уште се тегнеме. За blw ми паѓа на памет како турлитава да му направиш во рерна. Сецкано на коцки компир, тиквичка, кромид, лукче, месо, модар патлиџан и прелиено со доматен сос, масло и вода.
Извини од нафталин вадам мислења, ама читам низ темата за идеи па го сретнав. Бело лепче или интегрално? И кога го тостираш на појако или послабо? Ако е како прегоренко лепчето од тост не ли е прецврсто и се рони или ок е?
Кои бисквити да давам на бебе, дали има без шеќер? Има 10 месеци но уште немам дадено да држи во рака и да јаде, има само две запчиња и се плашам. Што можам да дадам да држи и да јаде само и дали да почнам?
Некогаш бело, некогаш интегрално. Шо знам, го тостирам на 5ка пример од 7 јачини. Да не е ептен изгорено, само крцкаво.
Извини сега видов дури дека си ме цитирала. Исти такви како Мандела што ти кажала од ДМ, само моите не се како спирала, јас обичните ги користам.
Леле и мене бананата ми беше спас Ама еве мислам дека и направи запек па ја паузирам овие дена и не е баш среќна