Да прашам и тука, во градинка има само доручек и ручек. Што да му давам дома за вечера? Бидејќи доручекот таму е тоа што јас вообичаено давав за вечера, гриз со млеко, јогурт и палента итн. Дали за вечера да давам овошна каша наместо млечна?
Јас лично не се водам по тоа правило веќе вечерата да е млечна, една од причините е што не ми прифаќа АД, а мајчино немам толку за да молзам. Како што ми бира што да јаде, може да нудам палента со урда/моцарела/грчки јогурт, може просо каша да дадам со овошје, лепче со абц, овес, гриз, некоја палачинка, компир, ориз, остаток од ручек многупати. Пресно кравјо млеко немам воведено сеуште и се' што варам, варам со вода. Тоа вртам најчесто... Мош не сум најдобар пример, само споделувам моја ситуација.
So koj jogurt/kiselo mleko prvo pocnavte, koj spored vas e naj ok opcija dali bitolski,bucen kozjak ili nekoj drug
Мака мачам и јас со зеленчукот, само овошје сака, ниту јогурт ниту варено компирче, ручек немам воведено уште 7+ сме малку е настинат сега нема ич да сака. Му земам црвен кромид, лукче, праз телешко Боранија.. Па сакав да прашам дали готвите со маслиново или само на пареа да бидат бидејки ќе му блендирам не давам парчиња.
Најголеми дилеми ми се ова, да не е многу со леб/тесто, да не е со шеќери, да не е вака или така. Кај нас во главно во градинка појадуваат бисквити, млеко, лино оброк и слично. Е сега кога е дома ги вртам следните работи - Појадок: овесна каша путер од јатки и овошје, просо со овошје, овесни палачинки/вафли со грчки јогурт и парчиња овошје - Ужина : шмукалче, сутлијаш, пудинг, овошје, печена тиква со мед и ореви, печено јаболко со цимет или исто мед и ореви. Некогаш малку бебешки смоки или грицки. - Вечера: ретко бејби чоколино, гриз со какао и путер од јатки, палента со урда и јогурт, тарана/кус кус со јогурт исто. Лебче со намаз и краставица или доматче, солени мафини/крофнички/вафли, со грчки јогурт, моцарела, кашкавал итн. Кога е во градинка бидејќи таму не јадат овошје, гледам ужината дома да е овошна, во вечерата избегавам овошје. Едит: мед дадов на 13+ месеци.
Каков е тој путер од јатки и од која возраст давате јатки? За мед изгледа многу ќе почекаме. Секако не планирав пред година да дадам. Но,јас јадев плазма,два вечери по ред, два пати се вцрвенува во образите и под усните ,како изгорено му изгледа. Жива се изедов што јадев и вчерва,а вчера се посомневав.(го дојам,8м е)
Пишав јатки затоа што комбинирам различни што имам дома. Инаку посебно некогаш од кикиритки, некогаш од лешник итн. Не се сеќавам точно. Костен и кикиритки мислам некаде на 9-10 месеци воведов. Лешник околу 11-12 месеци. Орев, бадем исто. Некаде отприлика по 1-2 нови во месец давав. Не многу често. За мед и ние ептен ретко користиме. И за ќерка може да се случи 2-3 пати месечно на врв на лажиче во некој оброк да ставам. Засега не покажала реакција на ништо.
Мајки, може ли некоја да ми пиши како го приготвувате телешко со ориз и зеленчук, сега го варам месото и потоа што прво додавате и како , ке ставам кромид, морков и малку Лук да да прашам што прво варите прв пат ке му правам
Cvekloto go varev denes so kora ,ama mn vreme se vari, polovina mi ostana dali mozam istoto da go upotrebam i utre?
Minimum 2 casa pred spremanje potopi 1 lazica oriz vo voda da odstoi a potoa samo nego svari go vo 100 ml voda.A vo posebno ke stavis meso i zelenuk sto mislis se seckas stavas i varis.Potoa se zaedno blendiras.
Слободно исецкај го на коцки и замрзни го. Јас варам поголема количина, ко ќе се олади лупам и сечам на шарчиња и го замрзнувам.
Ако било во фрижидер можеш. Вчера прв пат дадов по рецепт од бебе готвач: 3 лажички Урда, 2 лажици просо,1/2 банана ,1/2 крушка и сок од вишни. Јас немав домашен сок од вишни па сварив замрзнати вишни и ставив малку од водата. А вишните ги измешав со банана и ги дадов за ужинка. Сега сакам во солена варијанта да дадам урда,со палента или тарана,како во градинка..