13 месеци Денот ни започна со домашно велигденско јајце со лепче и грчки јогурт. Ручек овес со јагоди и малку цимет а вечера гриз со какао. Пред спиење 150мл АД.
Мени 8+ д:просо со круша, манго и вишни р:ориз, спанаќ, морков и млад кромид д:овес со манго и праска р:сладок компир, брокула, морков, млад кромид и мисиркино месо со лажичка масло од репка
Мени 8++ д:палента со манго,кајсија и јаболко р:кус кус со мисиркино мелено и спанаќ д: кус кус со круша и праска р:сладок компир,морков,карфиол,тиквица со телешко месо и лажичка масло од репка
Од ДМ овесни снегулки без глутен.Има исти и со глутен.Кога ќе воведеш глутен можеш и нив да ги даваш.
Мени 8++ д:овес со манго и јаболко р:палента со грчки јогурт и половина жолчка д:овес со круша вишна и јаболко р:сладок компир, морков, млад кромид, тиквица и масло од репка д:амарант со јаболко р:сладок компир, морков, карфиол, половина жолчка и масло од репка
Хелоу, морам да те прашам... како почна да даваш парчиња? Моецо е исто 9м нејќе да чуе ако не е на бленд Со првото немав проблем ама второво е што да ти кажаааам... плаче и нема шанси да отвори уста. Совет?
Немам некој совет искрено, јас од кај 7 месеци почнав да му ставам во чинија на почеток си играше со храната, не ја ни доближуваше до уста. Ама имав спремно на пр 1 варен морков и направен на парчиња, а 1 варен и блендиран за да знам дека каснал. Сега и он има периоди кога не сака да јаде сам, обично и најчесто ручек му давам парчиња пошо јадеме и ние јаде и он. Насабајле понекогаш еве вака комбинирано сам зема јас му давам, навечер па скоро ич зошо немам толку време да јаде со саати. Кај нас ова одговараше, така лека полека почнавме не би знаела шро друго да ти кажам..
Мени 8++ д:овес со круша,цреши и праска р:кус кус со пилешко месо, спанаќ и морков д:просо со манго и праска р:палента со грчки јогурт и цела жолчка
Мени 8+++ д:просо со манго и праска р:ориз со пилешко,спанаќ,морков и масло од репка ужина1 : третина банана и неколку малини ужина2: пире од јаболко праска и круша
Па за една недела ќе и воведам и вечера. Ужина нема сеуште, но вчера не изеде доволно од оброците па и дадов ужина. Нешто многу згрешив или?
А од кога се дава ужина? Јас лично не одам по некој правила. Според моево дете се раководам. Не сум МК па и педијатрите овде не се замараат многу кога точно што да се даде.
Како треба да се првите оброци, наутро овошје и житарка, а за ручек дали пак со зеленчукот треба житарка? Или доволно е пример само компир и тиквица / компир и брокула?
Јас лично така правам. Односно прво кога имаше еден оброк на ден менував.Еден ден беше овошје и житарка, другиот компир или ориз со зеленчук. После и воведов уште еден оброк, но прво и давав само овошје за доручек, а ручекот житарка со зеленчук или компир,ориз. Ова првата недела се додека не се навикна на два големи оброци. Сега е скоро 9 месеци за брзо ќе има и вечера. Сега одам на принцип, житарка и овошје доручек , а ручекот е месо компир и зеленчук или ориз , кус кус со зеленчук.