Мени 8+++ д: палачинки од овес, јајце,банана, боровинки и вода и каша од овес и банана р:кус кус со сладок компир, тиквица и карфиол д:овес со кајсија, праска и банана р:палента со јогурт у: банана и каша од круша и јаболко д:јајце со кокосово масло и просо со јаболко,круша,цреши и боровинки р:полнета пиперка со мелено месо, ориз,патлиџан и морков
Мелен овес го соединувам со јајце една банана и неколку боровинки ги гмечам и додавам малку вода по потреба. Ги правам на нелеплива тава без никакво масло. Да , јади парчиња. A овес од ДМ купувам. Некогаш и на Алнатура.
Ако земам ваков овес и да го измелам, колку време може да седи во тегла? Има некое гајле или да си мелам по потреба?
Последно кога правев ги сварив сите состојки што ги користам за нас за полнета пиперка. Ориз и мелено телешко го варев со сецкан морков,пиперка и патлиџан. Може и да се наполнат пиперки со истиве состојки или ако сакате може и повеќе зеленчук и да си ги испечете, како што се прават обичните полнети само без запржување.
Јас по потреба си мелам. Во блендер колку за оброкот и го варам кратко со вода па го додавам изблендираното овошје. Мислам дека можеш и повеќе да си измелиш, сепак не го мешаш со ништо друго ,што би можело да му биде.
Мени 9 д:овес со јаболко,праска и капини и едно матено пржено јајце во малце кокосово масло р:ориз со спанаќ,морков и печурки и лажица јогурт в:овес со јаболко,праска и капини д:просо со круша, јаболко и боровинки р:кус кус со пилешко месо,сладок компир,морков и тиквица в:јогурт и парченца лубеница д:гриз со јаболко,кајсија и капини р: турлитава со мисиркино мелено , компир, батат, морков, пиперка, брокула, модар патлиџан, патлиџан, тиквица, маслиново масло и зачин лук во прав. в:гриз и јогурт
Те пратам долго време, супер што споделуваш вака и ние имаме идеи за оброци Да поставам и прашање, гриз како спремаш?
Ајде пишете и вие да имам и јас некој нови оброци. Инаку гризот јас исто како сите други житарки, го варам 10тина минути во вода. Ако веќе имате воведено кравјо млеко или си користите друго растително млеко, мислам дека можите и во него да го сварите. Јас уште не сум вовела.
А како варите пудинг? На мојот гриз пишува 10 минути во млеко или вода. Значи користам околу 200мл вода, кога ќе почни да врие додавам гриз. Јас секогаш ставам од прилика . На интернет пишува 1литар млеко/вода со 10 лажици гриз, а на мојата паковка пишува 1л со 150г гриз
Па тоа е премногу. Јас зовирам 200мл млеко и варам гриз со 2 полни лажици гриз, (сепак зависи до апетитот на детето, мојот слабо јаде, но еден литар тоа е премногу, сигурно не се однесува за бебе таа препорака) додека згусне и тргам зошто е обичен гриз не пишува на него ништо, знам имав еден пишуваше 3/4 мин да се вари.
Не ме разбирате. Значи кажувам сооднос колку гриз колку вода. Никој нема да направи на бебе па и на возрасен килограм гриз. И јас како вас обично варам 200мл вода , тоа е доволно за еден оброк за моето бебе. И пошто количината е помала логично ке се свари за пократко.
Мени 9 д: просо со јаболко,праска и капини р:телешко месо со сладок компир, карфиол,брокула и грашок со масло од репка и малку лубеница в:овес и јогурт д:овес со јаболко,круша и боровинки р:турлитава со лажичка павлака и варена пченка в:тиква со лешник мелен
Мени 9+ д:просо со јаболко и круша р:јајце во кокосово масло, ориз со спанаќ,морков и тиквица и лажица јогурт, диња в:овес со диња,јаболко и капини
Мени 9+ д:овес со праска кајсија, капини, лешник мелен и урма р:кус кус со пилешко месо, морков,батат, тиквица, карфиол и парче диња в:палента со грчки јогурт и моцарела