Исто како гризот или други житарки. Само го варам неколку минути, зависно колку сакам да биде густ. И на крај додавам јогурт и слично.
Не,не сум вовела сеуште путер, ама и нема потреба во оваја комбинација. Обично во ручек додавам масло од репка или маслиново. А кокосово за намрсување на тавата пред да правам јајце или палачинки.
Јас овес т.е овесни снегулки со овошјето заедно ги варев и блендирав на почеток, потоа пасирав кога почна да јаде различни структури. Сега најчесто како овесни палачинки го давам овесот. Баш овес од цело зрно не сум дала.
Јас го варам посебно и многу кратко. Овошјето обично го правам на пареа, а потоа блендирам. Овес што купувам овде е поситен и нема ни потреба да се блендира, но на почеток во блендер си го блендирав пред да го сварам. Овој на Alnatura e тој поситниот. Но секако има врска и колкаво ви е бебето и дали јаде веќе парченца,ако да тогаш немате потреба да блендирате.
Мени 9+ д:гриз со јаболко, круша, боровинки и малку чиа семе р:батат,морков, тиквица и карфиол со масло од репка плус една кајсија(десерт) в:овес со круша, јаболко и мелен лешник
Од кокку месеци почна да ставаш рецепти ? Интересно и вкусно изгледанпа да знам дали и колку да враќам назад па да засчувам некои рецепти
Majki od koga vovedovte leb kaj bebe, malini, kravjo mleko, supa od zelencuk, dali se dava supata pasirana ili moze i taka kako vodicka
Мени 9++ д:овес со круша, јаболко, вишни и малку чиа семе р:истото од доручекот и едно смути од калина,цреша и круша мислам беше в:ориз со спанаќ,морков,тиквица, карфиол, печурки и јогурт и десерт лубеница
Мени 9++ д:овес со јаболко, круша,капина и јајце со кокосово масло р:интегрални макарони со брокула,тиквица, павлака и грозје в: овес со круша,јаболко,капина и лешник
Мени 9++ д:палачинки(овес, банана, боровинки, јајце, вода и лешник), овес со јаболко и боровинки р:пилешко месо со компир,тиквица,морков, грашок и една палачинка од доручекот в:палента со јогурт и банана
Да се придружам и јас во клубот И мене ми требаат идеи за 7 месеци @Kohlensäure дали сте на доење или со ад
Мени 9+++ д:овес со јаболко,круша и боровинки р:ориз со брокула,морков,спанаќ,јогурт и боровинки в:овес со јаболко,круша,боровинки,малина,банана и мелен бадем