По колку во грамажа му спремаш? Те прашувам зошо бебо има 10месеци последнава недела ми јаде по 180-190гр. Ама понекогаш па пак си бара уште да му накачам се мислам
Веќе некое време околу 200г спремам. Сега со новиов метод на нешто парчиња нешто каша спремам и помалку.Има денови ќе изеде се има и денови кога пола ќе остави.
Оризот го мијам и почнувам да го варам. И сецкам на поситно зеленчук и го додавам. Ако додавам спанаќ тој оди на крај, и исто месо имам веќе варено ,исецкано и замрзнато па тоа го додавам со зеленчукот.
Ај и овде да ги прашам тие со поголемки бебиња. бебето е 10 и пол месеци и има три оброци: доручек е овошје со житарки, ручек месо/мешунка со зеленчук и вечера најчесто некоја комбинација со нешто млечно. сакам да воведам ужинка, некое овошје измеѓу, па прашањето ми е дали треба доручекот да го заменам со нешто друго што повеќе ќе држи ситост и да давам овошје за ужинка? како правите и по кој распоред? бебето е на ад
Ne moras celo vreme za dorucek ovosje menuvaj mu veke e golem, mozes jajce, proja itn. A za uzinka ovosje
Ахааам е ова ме интересираше. Некако предолго сум заглавена на 3 главни оброци без ужинка и сфаќам дека треба нешто да сменам. Фала ти на поддршка
Веќе сме почнати со еден оброк официјално. По 140 гр ги јаде 5+++ Денеска:палента на хип(2 лажици) 2 кајсии, третина банана Вчера: ориз на хип 2 лажици,2 моркови помали(домашни), 2 тркалца тиквица
9+ Д: хељда, банана, кајсија, путер од кикирики и какао; Р: макарони со доматно пире и моцарела и парче пица со доматно пире и моцарела; В: планирам банана лепче со грчки јогурт и џем од малини.
@simpleewa колку млеко пие на таа возраст Дали измеѓу оброците ти пие млеко Ние сме 7+ имаме воведено доручек ручек и вечера без ужинка Измеѓу доручек и ручек едно млеко, измеѓу ручек и вечера, пред спиење пак и навечер се будиме 2-3 пати тогаш пие по 100 мл ама пак повеќе доаѓа На кутија пишува 3 млека
Какви џемови давате? Мојава ќерка е двојно постара, а сеуште не сум дала ни џем или мармалад, ни еурокрем или било каков благ намаз.
Блендирани домашни малини со малку лимон варам на тивко 10-15 мин, додавам 1л чиа семе, варам уште 3-4 мин и оставам да се излади. Превкусно е, си јадеме и ние. Е не е класичен џем со шеќер, киселкаст е, ама во комбинација со путер од јатки или грчки јогурт, топ е.
Пие вкупно околу 550ml. 8:00ч 170мл 10:00ч доручек 11:30ч 100мл 14.00 ручек 16:30ч100мл 17:00 вечера 21:30 170мл Би вовела ужинка наместо едно млеко, пробав неколку дена само овошје, после прва дремка ама не сака, одбива Треба да сменам нешто во редов, ама дека почнав на работа и некако не сум дома за да и пробувам работи...
Моето е скоро 11мес, јас не можам да му намалам на млеко. Дури и ноќеска се буди еднаш за млеко, а има 3 оброци. Пие околу 600мл
Дали измеѓу оброците пиете млеко или имате воведено ужинка Нас ни е проблем што не можеме да заспиеме без млекце, млекар е голем