Od kolku meseci moze da my se dava na Bebe neblendirana hrana?Parcinja za samo da jade.Moeto e 8 meseci
Ајде и тука по втор пат да пишам, првиот не беше баш успешен јадач Вчера Д: Киноа, банана, праска Р: Просо, павлака, краставица, авокадо (екстра освежително) Денес Д: Овесни снегулки, урми, крушка, цејлонски цимет Р: Го дофати јајцето од брат и па сама си го воведе
Молини користам. Варам батат и кромид,најпосле додавам блитва се вари се заедно. Малце од водата што се варат додавам и блендирам. На крај го додавам маслиновото.
8 meseci D.palenta so grcki jogurt R.junesko so brokula,morkov,kompir I piperka V.banana,sliva I krusa
7++ Д: Гриз, какао, крушка, урма, путер од кикирики У: Варена пченка Р: Палента со павлака и парчиња авокадо
6+++ Вчера П: грчки јогурт, ориз, беби спанаќ, пашканат, кромид, морков Денес П: просо, авокадо, цреши, грчки јогурт, праска
Краставицата на кој начин ја даваш? Леле и цимет смеело..малава за некој ден 8 месеци...ништо од ова не сум дала, не знаев дали смее..леќата исто ме интересира како ја спремаш? Бебето парчиња јаде?
Краставица знам на парчиња да давам си ја грицка и чеша непца. Во оброков исецкав парчиња и се заедно изблендирав. Цејлонски цимет е 6+ во овошни кашички можеш да додадеш убав вкус дава. Леќа стандардно како за нас, откиснувам 15 минути па варам. Додавам кромид, лук во мали количини и останато од зеленчук па кога ќе е сварено, префрлам и блендирам.
Бебето е 10+ месеци, има веќе 3 оброци и 2 шишенца АД. Убаво си јаде, ама мислам дека ги вртиме истите комбинации постојано, или само така си умислувам, стварно не знам. Вака почнува денот 07 ч - млеко АД 180 мл 10 ч - житна каша со овошје. 3 лажици од кои било инстант житарки, или варен овес, пола пасирана банана, 2-3 големи лажици пире од јаболка или кајсија. Понекогаш додавам и мало лажиче путер од кикиритки, го воведов, знам дека е аперген, го јаде и не е апергичен. 13 ч - во овој оброк има „тесто“ - палента, просо, тарана или киноа, со несолена урда и грчки јогурт или павака. 17 ч - тука е „протеинскиот оброк“ - еден ден јаде месо (телешко или пилешко) со зеленчуци, најчесто батат, компир, морков, брокула, леќа тиквица, еден ден јајце со нешто зеленчуково, преку еден ден менувам јајце-месо. 20 ч - пие млеко за добра ноќ. Јас сметам дека е се скоро опфатено, да напоменам не му ставам лук, кромид во јадењата, не знам зашто, не сакам да му се оптоварува желудникот, зелка не сум дала уште, модар, патлиџан па и не сака нешто... не ми се даваат несезонски овошја, сега бар има, среќа. Ааа и пие по 1-2 сокчиња смути измеѓу ко ужинки, Хипис или од ДМ. Колешки гледам им прават мафини, палачинки, ама моето нешто не е заинтересирано само да јаде, плус не е по BLW. Молам бога после годинка да почне да јаде по нешто сам. Вака само смоки гмечи по 3-4 дневно, колку да вежба.