Како манџа, со што мислев и како ја направи, и како бебо ја јадеше? Манџа не ми текнало да му направам, ама затоа денес ај свекрва ми на одмор е го зема да го прошета ми се отвори простор да му направам ќофтиња оддамна сакав. Сомлев телешко мевце од истото што му правам, кромид, морков, презла, јајце се со ред, испржив, му направив тиквички на ленти и пиперка во airfrayer погодете што? Такви нагони за повраќање и такво гадење ја до сеа немам видено од него и тоа само од месото, тиквичката и пиперката си ги изеде.
Варам месо, па после му ставив компир, тиквичка, кромид, лук и се заедно во блендер, на крај малку маслиново. Давам и парчиња чисто да учи да џвака и структури да осеќа, со тоа нема проблем. Во транзиција сме накај пасирано гледам да одиме.
Dali se obaruva slednava hrana za bebe od skoro 8 m - mango - krastavica - domat - ananas - dinja - smokva Isto od kade kupuvate nesolena urda
Јас не сум обарувала, конкретно овие намирници. Краставица му рендав на крупното. Другото со вилушка згмечено. Од кам урда земам на хомоље
Со што комбинирате изварка и кои други млечни производи ги давате, Јогурт, к млеко, Павлака со палента му давам ама не ми е мн воодушевен. Некогаш јогурт малце пие после ручек, после манџичката
Еве неколку идеи, конечно ми јадеше пастрмка ама блендирана со друг зеленчук. 11+++ месеци Омлет, тостирано лепче со путер и рендана краставица со павлака. Палента со козјо сирење. Телешко месо, брокула, карфиол, морков, тиквичка и просо. Макарони со козјо сирење. Палента, зеље и павлака Омлет со зеље, шери домати(не му се бендисаа) и грчки јогурт Интегралнон лепче со зеље и павлака. Пастрмка, морков, кромид, тиквичка, каргфиол и брокула.
Околу 9 месеци му дадов лосос па после ослиќ и скуша. Пастрмка сега неделава пошо мм донесе свежа ама на парчиња не ја сакаше буквално ја исповрати после 3 залака. Сега блендирана си ја јаде
Majka kako spremas oslic, varis pa blendas? Kolku vreme treba da se svari kako so koskite koga se vadat ...
Здраво мајки. Дали може да ми пишете некои идеи за доручек, ручек, вечера за бебе 7++. Немам веќе идеја, се со се комбинирам и некако се вртам во круг. Ви благодарам.
Можеш на search bar-от во темава да побараш или на бебе готвач. Не знам што даваш но еве ќе споделам можеби ќе ти помогне. Киноа, праска, јаболко Палента и слива Авокадо, банана Хељда, печена круша/печено јаболко, цејлонски цимет Амарант, вишни, тиква Овес, манго, нектарина Ориз, спанаќ Компир, морков, телешко Тиква, пилешко, пченка Брокула, пашканат, тиквичка, путер, батат Модар патлиџан, боранија, кромид, маслиново масло, Грашок, пиперка, цвекло, мисиркино Блитва, грчки јогурт Палента, урда/кисело млеко Ориз, млекце, банана, цејлонски цимет Ова вака што се сетив што имам давано. Вечера уште немаме па нема да сум баш од помош
Ај и јас да пишам, стварно снемува идеи, сега почнав млечни и поинтересно е веќе. 7+ Д: Просо, слива и јаболко Р: Телешко, кромид, батат и морков Д: Палента со јогурт и банана Р: Боранија, морков, кромид и компир Д: Овес, грчки јогурт и вишни Р: Батат, авокадо. Од ручеци, жими последново само го јаде @Thor Амарант, хељда, киноа од каде земаш? Не сум подготвувала никогаш. И спелта исто. Дали исто и нив, со све може да ги комбинираш (како ориз, пченка , просо што може и со зеленчук и овошје?)
Majki dali se blenda svezo ovosje? Pedijatatot mi kaza deka posle 7m nemoram veke da obaruvam i sea neznam dali ke se blenda ubavo