Моево бебе е уникат, дента јас да не понудам може цел ден да гладува. Ваљда дека периодов ноќе цица на 2ч па се заситува. Обично ставам или ориз,палента,месо а кога има запек правам без овие зошто ептен мака има. Во принцип јаде на 2-3ч со,без житарка исто му се фаќа. Не гледам разлика како по навика си јаде. Да не сум офф Вчера Д: праска, палента, јаболко. Р: телешко, леќа,кромид, модар Денес Д: слива,јаболка, гр.јогурт (третиравме запек ова е како магија за моево) Р: готова каша планирам тиква и ориз зошто нема да сме дома.
Дали му се допаѓа ме интересираше Ми се врати филмот мојот прв пат кога ја проба. Му ја купив исто вака излезени бевме за време ручек, а ја земав таа дека многу сакаше тиква. Леле која ја проба, кога почна да плука, да плаче од што не му се свиѓаше
Моево среќа е јадач од старт. Може да кенка кога некоја не му е по мерак ама пак си јаде ако го заиграш хахах
Имам прашања две.. 1. Кажете ми кои кашички се вкусни од дм пробани за ручек оти немам дм вп градот па пчанираме да одиме до штип и сакам да земам залихи да имам дома 2. Зедов тенџерче мажо на металац за варење.. е сега на инса многу му се појавуваат едни како решетки се што се става над тенџерре за на парае да зготвиш зеленчук..дали знае некој од каде можам да најдам такво
Супер се кашичките на babylove и bio на dm, и вкус и мирис , а има и доста избор За 8+ конкретно имаат и парченца од зеленчукот, да не биде се' блендано и количински се поголеми. Мене лично многу повеќе ми се свиѓаат отколку тие на hipp.
7+ Д: семолина со кашичка круша и слива на бејбилов Р: мисиркино, тиква и пашканат В: каша 3 житарки на Холе и банана
Јас од оној сирупот дадов еднаш. Во покисела каша ставив малце да му заблажи, зелено јаболко,урда урма така нешто
7++ Д: семолина, диња и банана Р: тиквица и брокула со кашичка телешко, морков и пченка на хипп В: просо со кашичка морков и јаболко на хипп
Od kaj go zema sirupot , dali ima nekoja slika na google kako izgleda. Jas vcera zemav kralska urma ama se mislam dali smee takva