Да инстант гриз му доаѓа, на Холе користам јас, деновиве и гриз од тој стандард со бебето ќе му правам за доручек
7+++ Д: јаболко, праска, кајсија, овес Р: мисиркино, боранија, компир, морков, кромидче В: ноќна хипп
8++ Д: овес, жолчка, банана и 1/4 белка Р: мисиркино, сладок компир и блитва В: ноќна каша бисквити на хипп
Предложете вечера за 8 месеци со ад млеко. Отворив цела кутија (демек навечер да поспијам, ама не го прифати)...за да не ја фрлам, барем во вечера да му ставам. Јајце немам воведено
@LeL15 од каде купуваш мисиркино и колку е сигурно? Треба да почнеме со месо ама не можам да најдам чисто, проверено телешко и пилешко (и мисиркино).
7+ д: шмукалче круша и касија Р: неколку лажици каша дм (морков, пашканат, сладок компир) Немам вечера воведено ама оти слабо ручаше пола тегла ноќна каша со банана таа.
Конкретно за пилешко ми рекоа да внимавам мене, мисиркино и телешко не ни можам па воопшто домашни да најдам за жал, па земам од Веро и од локални месари во населба
8++ Д: каша житарки и микс овошје на бејбилов Р: тиквица и карфиол со кашичка телешко, компир, пченка и морков на хипп В: ноќна каша на дм Био
7+ Д: слива крушка и гриз, парче банана Р: батат и пашканат Вечера немам воведено ама ако е кратка дремката ќе понудам ноќна каша за да не биде гладен пред спиење да цица. Сега ако у 4 цица и стане 20 за 5 а у 8 ќе легне нелк е подобро малце нешто каша кај 5 и пол 6 па у 8 да цица? Или многу е? Еве на колку време има јадено За две недели прави 8 месеци
8++ Д: гриз, јаболко, крушка и пола банана Р: просо, батат, морков и зелена пиперка Од утре ќе пробаме и вечера
8++ Д: овес, банана, жолчка и 1/4 белка Р: телешко, сладок компир, брокула, блитва и кромид В: ноќна каша на хипп
Сакам да воведам жолчка. Читам овде дека неколку дена по ред даваш ист доручек кога даваш жочлка. Тоа така треба или можам со различни комбинации да давам?
Можеш со различни комбинации мене овесот за доручек ми е само во таа комбинација, други денови вртам други житарки затоа така. Со банана ја давам највеќе жолчката дека лепи па супер му е вака, инаку можеш и со друго овошје да искомбинираш.
7 Доручек- киноа, праска , банана Ручек- ориз, тиква и тиквици Кога воведовме месо , исто давате по 3 дена ? И пример нова намирници кромидче ,пиперка треба исто 3 дена само тоа да пробува или може во комбинација ? Некако не ми иде само тоа да го пробува