По маркети не сум видела .. бeв на пазар барав baby морков најфов и ми текна за блитва па земав и вчера прв пат дадов
7+ Д: овесни со јаболко и 2 лажички кисело млеко Р: телешко, компир, морков, пашканат, целер, кромид В: ориз со адаптирано и банана- денес почнуваме со вечера
Битолско дадов. Утре ќе дадам јогурт Збрегов, преубав е само тој го пиеме дома. Јас што јадеме по дома тоа му давам, ништо специјално .
Па да 3.2, евентуално јогурти мислам има 2.7. Е грчки јогурт има и помасни, јас лично не би дала со 10% масленост одма
Мајки, јас морам да поставам едно прашање. Може глупо звучи ама два пати до сега ми се случи и не знам како да постапам. Синко си испи млеко сабајле кога стана, после си доруча кашичка и имавме во план да излеземе ама планот беше со ручек надвор и за нас и за него и си понесов и млеко и кашичка готова за да јаде надвор. Е арно ама он се успа во количка така цврсто што многу касно го испи млекото, дури некаде кај 15 часот што му доаѓа после 4-5 часа од доручекот, со тоа му се измести и ручекот и за да не му го давам премногу касно, му го дадов во 17 часот( претпоставувам и не беше баш гладен зошто беа поминати само 2 часа од млекцето), обично му терам минимум 2 и пол часа измеѓу, а сега му ги тиснав повеќе само за да запазам на саати, бебе плукаше, што се случило само два пати до сега да ми плука храна, обично си јаде убаво. Јас се испокарав и со маж дека се водам по саати, а не по бебе и така баш "интересно" ни беше. Како да постапам во вакви случаи, сигурно се нашла и некоја од вас во ваква ситуација, дали да му го скокнам млекото меѓу доручек и ручек или како да постапам немам памет.
А зошто кога станало бебето не му даде ручек? Така нема да изреметиш цел редослед кога се веќе 3 оброци млеко и не е толку задолжително. Следен пат следи ги обрроците ако е веќе 6+ поважни се главните оброци и тоа што има во нив отколку млеко. Секако после ручек можело млеко како ужина да дадеш кога ќе огладнело. Пример моево му се изремети исто некако вечерата а беше на 1.5ч од спиење (обично ја темпирам за да го најаде пред да легне да врзи подолг сон) па не му дадов тогаш млеко зошто знаев ќе го засити и нема да изеде после вечера. На успивање му направив само 60мл млеко чисто и да го хидрира и да го дополни мешкото си сака така да го удреме.
Здраво мајки,бебе е пет ипол месеци до сега имам дадено морков,компир и јаболка,дали смеам да дадам и други зеленчуци или овошје пр брокула или банана
11 месеци Д: мусли, круша и малини Р: кашичка шпагети, патлиџан и моцарела на хипп У: шмукалче на Нутрино В: банана какао ноќна каша на хипп
Нема три оброци, на два сме. Ептен на почеток и некако се ми е ново и збунета сум. Не знам ни колку мл млеко треба да пие. Инаку сме 6++