За доручек најчесто овесна каша или просо со овошје ама јаде и палачинки (без намаз). За вечера гриз, банана, какао доста често, ама јаде и мафини, житарки со к.млеко/грчки јогурт, тарана...
Киви алерген е? Сум го наранила бебе сабајле со готова каша, отпосле видов дека киви има...после гледам од 10 месеци било киви..
Каде купувате тарана и како ја спремате? Одамна ја меркам и за нас дома а сакам и за малава да направам
Мене па ми рекоа во Систина дека можам да давам киви уште сега, а уште нема ни 8 месеци моево. Видов дека на шмукалчињата на Холе со киви пишува 8+ месеци и решив да одложам малце. Чим нема реакција, немаш гајле.
Алерген е. На бебево ми дадов на 6 и многу сака киви, а супер поминавме и со портокали и мандарини. Д: палента, маслиново и павлака.
На 6м киви, портокали, мандарини, павлака? По какви табели се водиш? 6+ Д: Прв пат компирче варено и дадов да проба 3,4 лажички денес, а после јадеше каша со печена јаболка и кајсија (хип).
Алерген е, јас и 12+ мислам го имам давано... Дека внук е алергичен, па така малку сум си ја одложувала кивата.
Чекај не сме ние генерација 6++? Мислам малце сте поголемки.. Мене стрикно ми кажаа киви, јагоди, цитрусни 12+ Павлака исто..се почнува со другите млечни нели, грчки јогурт, кисело млеко, несолена урда..ако сум грешка нека ме поправи некој. Јас воведов до сега се што требаше и само комбинации правам од истите, си има малце мака со прдкање, бљуцкање, грчеви, посува кака.. што е и логично нели..нејќам ни да замислам што ќе биде ако дадам цитрусни и киви
Нема да му биде ништо, се случува. Јас од пакетчињата за нова година имав кашичка со јагоди и пишуваше 4+ баш чудно ми падна, јас ја искркав. И викам на сестра му на маж ми, она има поголеми дечиња, што е оваа кашичка со јагоди, а 4+, она ми вика па што, јас се им давав од кашите, и таа сум ја давала.
Мислам и мал процент е, ама чим е добар нема ништо. Ако има реакција, има уште во првите 15мин... @HeLenna кај мене девојчево си ги јаде тие овошните За нова год и донесоа на бебка... едно 10 имам во фрижидер на чекање (со месо, со бисквити-глутен, боровници, јаготки).
Почнав по табела и после по разговори со блиски кои имаат деца и се медицинари одлучив да не пазам многу. Нема проблем со стомакот, нема гасови и не бљуцка. А и општо поделено е мислењето кога се даваат алергените.
Извини ама, желудникот цел живот ќе си го носи. Не за џабе постојат тие табели. Ајде разбирам мевце поранко, вариво од коски, сурутка, путер... Ама цитрусни... Горат желудник сонц. Ај да било месец порано.. ама ти да дадеш цитрусно лабавко на бебе што до вчера млеко пиело? И јас и капнав на беба мандарина у гмечена банана у афект коа не јадеше од 5те каши што и ги направив... I am guilty. Треба да се пази колку толку.
Не дека јас сум му дала цел портокал или мандарина и дека му замениле оброк. Му давам во оние цуцлине со дупка по едно парченце на неколку дена. Секако веќе сум ги дала затоа што сум сметала дека треба. Не велам дека јас сум во право, вие криви само споделив како сме поминале.