Секоја мама си знае најубаво за свое бебе. Затоа и сме тука, за да си посолиме памет и да си помогнеме. Ја незнам, сфатив дека цела кива јадело бебе.
11+ Д: Авокадо, банана и цело јајце Р: Ќофтиња со тиквици и морков и јогурт У: Неколку смоки и шмукалче и од мене малце портокал касна В: Една овошна мафина и готова каша со слива на хип Јас пред скоро му дадов малце портокал и кива, не ги давам секој ден а и кога давам по малце.
Прашав за тарана, не добив одговор..ај ако прави некој друг, ако може да ми кажете од каде купувате и како се подготвува?
Од маркет ја купувам, се вари 5 мин во зовриена вода, баш денес воведов тестенини со тарана . Д: мултигреин со јаболко и манго Р: тарана со брокула, урда и јогурт В: палента со урда и грчки јогурт
Д: мултигреин со банана и авокадо Р: ориз, морков, спанаќ, тиквичка, жолчка В: овесни со урда и јогурт
Во сите маркети ја има? Јајце имам воведено, повкусна е со јајце? И дали се комбинира повеќе со благо или солено?
Посна имаш во ДИМ и Стокомак, јас од таму сум земала. Мене иста ми е дал посна дали со јајце. Инаку солени комбинации, како макарони што правиме, исто ти е тарана само топчиња . Јас ја давам со брокула, морков, цвекло, исто за вечера со грчки јогурт, кисело млеко.
Фала срц, никогаш во живот немам пробано, појма немам зошто ама ќе пробам а и на ќерка ќе дадам, јадење плус ќе си има
Д: млечна каша од хипп со јаболко, банана, слива Р: авокадо, карфиол, просо, кромид В: гриз, јаболко, слива
Пола пола сме, јаде и каши и парчиња ама не блендирам само пасирам. Мафините рецептот е: 1 банана 1 јаболка 4 лажици гриз 1 лажица палента Какао може ама не мора Малце пециво и цимет Некои 15 20 мин на 180 200 зависи од печката. Денес 11+ Д: Пржени јајца со урда, авокадо на леб и малце кисело млеко (од се по малце јадеше) Р: Просо со тиква, јаболко и спанаќ У: Шмукалче и смоки В: Ноќна на хип со слива
11++ Д: во градинка Р: канелони со спанаќ и урда + кисело млеко В: гриз, банана, какао, путер од бадем
Немам точна рецепта, отприлика рендам пола мала тиквица и морков и у тетра ги стискам за да извадам вишок вода. Додавам јајце, урда лажица и лажица две зависи брашно. Оригано почнав да ставам од скоро за вкус и пржам. Некогаш и лукче малце ставам. Пробав да печам ама некако премеки излегуваат повеќето рецепти освен мафини. Гледам да е погуста смесата. Него путер од бадем каков даваш и дали може од кикирики пред година?
Д: мултигреин со банана, авокадо и жолчка Р: пилешко, ориз, морков, пашканат В: палента со урда и јогурт
11+ Д: Овесни со тиква и јаболка Р: Пилешко, батат, тиквица и кромид У: Пола портокал и неколку смоки В: Мултигреин со к. млеко и пола банана