Моето бебе има 5.5 месеци и уште сме само на млеко од кога почнавте со друга храна? Јас мислам после 6 месеци да почнам.
Д: овес и Хип круша праска Р: жолчка, батат, тиквичка, карфиол и кисело млеко В: Хип тегличка ноќна млечна каша со банана, гриз, какао Утре: Д: гриз и банана Р: пилешко, батат, тиквичка, грашок, морков, кромид, маслиново м. В: палента, кисело млеко
Вчера: Д: Овесни снегулки со банана и какао Р: Батат, блитва, пиперка и кромид В: Инстант ориз од Холе со јаболко, банана и праска Денес: Д: Млечна каша од Холе со банана и јагода Р: Компир, морков, тиквица и лукче В: Овесни снегулки со јаболко, банана и пракса (да се искористи отворената каша од вчера)
Како додаваш ад во палента? Сакам гриз со ад за навечер да му правам ама само во вода го варам, мислам дека ако додадам ад на крај ке биде претечно.
Д. Банана и авокадо Р. Компир морков и праз И вчера ми беше скоро исто дали ево ред да повторувам намирници
Па на почеток не ни имаш многу избор со намирници...али пробувај различни комбинации да знаеш што сака или не сака... банана и јаболко, авокадо и јаболко, јаболко и круша, банана и круша
Тие се на почеток. Банана, круша, јаболко, авокадо, модра слива. Јас уште немам баш избор за ручек, едно исто вртам оти осетливо меше и нема пробано многу зеленчуци. Еве пример праз, а е 10+. Доручек можеш и со житарка, плус овошје. Палента со слива и круша или јаболко и банана Ручек можеш батат со морков и тиквичка, компир со морков и пашканат, плус месо ако имаш воведено...
10+ Д: овесни снегулки со банана и јаболко У: смоки со јогурт Р: телешко со компир и тиквичка В: гриз
7+ Д1 [го мразеше]: просо, тиква, павлака Д2 [брза замена] сутлијаш со круша Р: компир, морков, тиквичка, брокула
Дали овесот го даваш мелен како брашно или цели снегулки? И дали го блендираш? Никако да го погодам, ми доаѓа многу течен
Ги купувам од ДМ био овесни снегулки и така ги давам како што се, не се големи туку ситни снегулки, значи не скроз мелен како брашно и не го блендирам. Ставам 2 лажици и вода колку да го покрие и одма кога ќе зоврие го тргам од рингла таман малку се згуснува, да не е течно нити па многу густо. Да не ставаш многу вода? Д: Палента со грчки јогурт пола жолчка и четвртина белка Р: Батат, спанаќ, кромид В: Гриз со банана
2 лажици ги варам со 100 мл вода додека не испари, па го блендирам со овошје. Изгледа блендирањето треба да го изоставам