Д: Палента со кисело млеко и жолчка У: Тиква со јаболче Р: Готова кашичка на Холе со компир и спанаќ В: Просо со боровинки и вишни
9+ Д: овес и банана Р: жолчка, палента, грчки јогурт В: ноќна млечна каша со банана на Бејбилов Утре: Д: гриз и Бебивита праска каша Р: пилешко, батат, тиквичка, грашок, морков, кромид В: палента и грчки јогурт
Да жолчка воведов, сега белка воведувам, преку еден ден исто како со жолчката прво четвртина, па половина па 3/4 па цела. Синко е 8++ сега. Не знам искрено во мл колку вода ставам дека не мерам. Пробај можеби е од блендирањето или од водата од овошјето да не ти се разводнува? Како даваш овошје вариш или од каша?
Во мојата табела белка е над 12 месеци, и секаде така читам а сакам да му правам по нешто со јајца, па затоа прашувам. Некако не се нафаќам сега да воведувам. Ти си реши да даваш или имаш некоја листа?
Педијатар ни рече да воведеме, исто и со поголемото беше така, 8ми месец воведов јајце. Немам табела, како ни кажува педијатар така и што памтам од со првото како воведував. Скоро се има пробано, ни останаа јагоди, риба, свинско, грав, боранија. Сега почнав и глутен пред малку. Колкаво ти е детето? Д: Палента со јаболко и манго Р: Компир, морков, пченка и телешко месо В: Гриз, банана и какао
9+ е моето. Нам педијатар ништо не ни кажува јас прашувам "да направам така и така" она вика "па да" И со мајки си комуницирам. Затоа те потпрашувам. Боранија, грав, свинско, глутен, млечни... тоа ми е воведено. Белката и јагодите ги оставив за понатака. Јагоди чекам од кај татко ми да бидат непрскани, а белката мислев со кифлички или така мешано во нешто само уште не сум дала.
И мене ми кажа педијатар за белка. 10+ е моето. Планирам идната недела. Кажа јагоди и мед после година, ама јас планирам јагоди сега да дадам. Мед ќе остане и свинско после година. Боранија има пробано, гасови има и затоа грав нема уште. И него понатака. Риба нема пробано. Со каква се почнува?
Супер за јагодите ако имаш опција да дадеш непрскани, најубаво, а за белка како ќе си одлучиш така. Јас и на двајцата 8-ми месец им дадов прво варена, во каша им мешав, после тоа давав, тарана, јуфки,па и кајгана со урда, после година дадов пржени јајца, пржено лебче. Мед на година и пол дадов така испадна чекав од кај чичко ми, има пчели, да дадам домашен.
По ново читам дека пИшува од кога ќе се воведе жолчката во рок од 30дена требало и белката да се воведе. Малата е 7м нејадач е не сум вовела жолчка уште
И мојата е нејадач, пробував 1/8, 1/4, ништо онака тапа, не дојадуваше... И измешав цела со пола авокадо. И изеде.... Каде си прочитала ова за белката?
Јас баш барав некое поконкретно инфо, ама не најдов. Педијатарот ни е чувај Боже. Да не имаш некој линк? Да читнам
Не мораш одма ама и нас ни рекоа слободно десетина дена после воведување цела жолчка да воведам и белка, исто како жолчката по редослед, и така двете ги пројдовме за месец дена. По ново препораките се алергените да се воведат пред една година (вклучително и цело јајце), нас ни останаа само јатки (путер од кикирики, лешник, итн.).
На апликацијава Солид стартс гледам стои цело јајце да се даде веќе од 6 месеци. Е тек сега сум збунета.
Стои да ама не дека е за од 6 месеци баш туку дека може да се јаде од сам почеток кога ќе почнат со цврста храна. Најсигурно е да ги воведеш посебно, за во случај да се исфрли од нешто да знаеш дали реагира на белка или жолчка. Солид стартс е супер ама тие назнаки 6 months, 9 months, итн. се глупости, на се стои скоро 6 месеци
10++ Д:палента со урда У: овошен јогурт Р: ориз со тиквичка, жолчка и четвртина белка В: инстант каша на Хип со овес и јаболко
Д: мултигреин банана јаболко на нутрино + шмукалче бебивита банана јаболко Р: телешко, батат, тиквица, морков, кромид, маслиново В: боровинки, овес, грчки јогурт Утре: Д: просо со Бејбилов каша од круша Р: телешко, карфиол, тиквица, батат, маслиново В: млечна ноќна каша Бејбилов од банана
11 мес Д: палента со јајце, урда и јогурт У: смоки од просо, пита со спанаќ и урда Р: ориз, телешко, цвекло У: лепче, банана В: чоколино