Е добра е листата ако ти прифаќаат вкусови, ама не мора слепо да ја следиш. Вметнувај и комбинирај што ќе наоѓаш. Имаш и на хип и на Холи чисти кашички од една, две состојки, од тоа што треба да воведеш. Кај нас беба одбиваше храна, па правев паузи, па и нудев што и се допаѓаше само. Затоа не сум некој репер. Лабавко и не се преоптеретувај, ќе видиш со тек на време ќе се опуштиш
Д: палента со путер и урда У: шмукалче Р: пилешко, батат, морков, тиквичка В: инстант каша со банана на Холе
Па тоа ти кажувам, дека скоро месец ќе помине додека воведеш оброк. Постепено. Кажи на маж ти ако не планира да ги хране, ич да не се меша.
Д: доење У: праска, малина, јагода шмукалче со експандиран амарант Р: батат, пилешко, лук, кромид со рендан патлиџан У: младо компирче од кај мене маф У2: јаболко, круша, спањак шмукалче В: доење
Толку 3-4 листа ама или ептен ситно сецкан или бленидран. Пробај со батат да дадеш нема да осети дека има спанаќ. Јас прво така давав откако воведов млечни почнав со палента да давам. И со јајце е убава комбинација.
9 Д: Мултигреин од Хип со јаболко У: Одби грчии јогурт па јадеше банана Р: Пилешко, компир, морков, кромидче и малку кифла У: Доење В: Ноќна на Холе
10м Д: доење У: 2 резанци розе домат Р: плескавички со јајце, сладок компир, телешко и младо кромидче В: Доење
Денски 3-4 зависи како му е денот, кога ќе стане цица, следни после ручекот, (меѓу ручек и вечера) и навечер пред легнување. Е сега некогаш знае да збесне па да цица и пред ручекот. А навечер ми се буди неколку пати ама не давам на секое да цица, 2 пати му давам, обично накај 23 и околу 4 сабајле. Не ми пие многу вода и мислам дека е повеќе жеден од гладен, зошто нон стоп нешто меле со устата.
Денес: Д: овес, боровинки, банана Р: пилешко, ориз, грашок, морков, карфиол, кромидче В: ноќна млечна каша гриз на Хип и едно Хип бисквитче Утре: Д: просо и круша каша, шмукалче бебивита јаболко банана Р: тиква, тиквица, грашок, морков, карфиол В: ноќна млечна каша на Хип со овес и јаболко
Исто, 8 месеци сме, ни капка вода не пие, а не ни цица повеќе од 5 мин...И јас мислам дека е жед повеќе од глад. Плус вие со ужинки сте, сигурно е сит
Да воведов ужинка зошто видов дека не го држи млеко само. И со првото исто овој период воведов прва ужинка. Д: Тарана У: Шмукалче од ДМ Био Р: Ориз, брокула и морков У: Доење В: Банана
Ручекот дали е пасиран? Моево само пасирано јаде, ама многу повеќе, доручек дома, доручек во градинка, ручек во градинка (плус ужинки во градинка), па ручек дома, вечера дома, цицање 4-5 пати на ден. Исто 10 месеци е.
Е баш јадете-јадете вие... Алал ✨ Мака мачев јас со беба зошо не ми јадеше каши, лажичка да не види... Ни мазно ни пасирано... Во село бевме и дадов ребра јагнешки си ги изглода, следниот ден и дадов сама јадеше со раце тарана со јајце и пиперка, и ова трет ден беше, ситно изрендав све и како плескавички ги испеков на тавче без масло. Коа се испекоа беше хомогена смеса лесна за јадење онака парченца се делеа... Spoiler: Плескавички