Браво бе, моево се дави и од каши, не помислувам нешто вакво да дадам. А сега на пример вечера јадеше исто што и ручек (зеленчуци) со кисело млеко и еден саат покасно пак е гладна, па изеде три порции јаболко и банана каша. На крај цицаше. Мислам дека полесно ми беше кога ја доев само, вака никако да ја најадам
Алал што успеаваш сеуште да ја доиш... Ние стомачно вирусче поминуваме ми окапа на цицка без оброк, баш си викам, ах што е лесно вака. ^^ Што даваш како база на овошјето и зеленчукот? Инаку ние скроз изненадно со јадењево, не јадеше ништо, па почна сама. Ваљда е инстинкт и желбата ,,све сами да направат"...
9+ Д: Палента со кисело млеко У: 3 Холе бисквити Р: Ороз, варено јајце и грчки јогурт У: Доење В: Гриз со круша и јаболко
Не знам дали сте почнале поголема количина. Кај мене со 5-6 работи пробани веќе јадеше количина колку мала каша и заменив оброк. Пример еден ден јаболко и круша, следен ден, круша и банана итн. Ако сакав да проба нов вкус, во тоа веќе пробано, мешав нов вкус со мала количина од тоа што веќе има пробано, давав неколку лажички и остатокот со "стари" состојки. Пример пробано, морков, јаболко, круша, компир, тиквица, банана. Ако сакав нов вкус, да речеме авокадо. Прв ден 2-3 лажички чисто авокадо и остатокот каша од јаболко и круша. Втор ден, малку повеќе авокадо измешано со банана. Трет ден, измешано со било која од пробаните состојки. Следно да речеме слива. Исто прв ден малку слива, измешано со јаболко. Следен ден слива и круша, во количина на оброк. Трет ден слива и банана. Се надевам ти е јасно.
Да,веќе почнаа да јадат поголема количина,сеуште пробуваме зеленчук вкусови.Од сабајле им давам кашичка житарка со овошје и попладне им пробувам малку нов вкус зеленчук.За понатаму незнам дали смеам еве да небиде цело време житарка од сабајле дали може да мешам зеленчук со овошје како оброк,додека воведеме ручек.Например компир,морков и јаболко како оброк.И од кога се внесува месо и млечни производи.
Јас мешав се и сешто додека беше на 1 оброк, не гледав стрикно да е само овошје+житарка наутро. Тек после со втор оброк, месец после првиот поделив зеленчук и месо да е за ручек, овошје и житарки за појадок. Имај во пракса нив вкус да пробуваат претпладне, ради алергии, ако јават, да има време да забележиш и да се реагира.