11+ Д: Холе мусли со готова каша праска и јаболко У: таратор Р: телешко со батат и тиквичка У: банана В: макарони со урда
Овесни снегулки лажица и пол ги варам со вода и тргам од шпорет па додавам каша јаболко или варено јаболко пасирано и малку цимет на крај на врв на лажиче. Шмукалче се оние од хип, холе, нутрино како смути што се. Ги знаеш да ги видиш, со овошје се. А за млеко не пие измеѓу. Сабајле кога ќе стане цица и после ручек му е следен подој. Е сега има денови ретко, кога бара и ќе цицне колку да се рече не дека цица интензивно.
10+++ Д: Овес со јаболче У: Смоки од пченка и кисело млеко Р: Тиква со пилешко В: Тарана Макароните така ги јаде или блендираш?
Фала ти а пие вода до после ручек? Моево неќе ни голтка, и затоа не знам како ќе тераме бeз подојот пред ручек кога ќе почнам на работа
Јас ја давам со боровинки и ја правам со вода. Супер испаѓа,му ја мешам со јаболче или банана. Цица 5 пати у денот и обавезно еден оброк е млечен такада мислам не му мења тие 50мл у кашава Он топик: Д: просо и од Хип кајсија тегла каша Р: жолчка, палента, кисело млеко В: овес, боровинки, кисело млеко Утре: Д: кашава од погоре + јаболче Р: телешко, грашок, пченка, батат, тиквица, карфиол и кромидче В: ноќна млечна каша Бејбилов банана Месецов воведувам пченка и малини па да прочепкам идеи
Пие да, јас со двајцата успех за пиење вода имав со шишињата од Твист Шејк со цефка што се. Никое не сака вода ама летово на топлото ќе пропие ќе видиш. Само упорност. Или давак водичка пример ако вариш круша таа водичка давај ја ќе и има малку сладок вкус.
Ја направив сабајлево со вода и додадов јогурт, пола дали ја изеде искрено грда беше, без вкус и баш се мислев следно со банана да пробам а и со јаболко можи ко шо велиш
11++ Д: гриз со млеко, какао и јаболко Д2 од сестра му: тарана со грчки јогурт У: мафин со банана и малини Р: ориз, брокула, јајце и јогурт Р2 од сестра му: помфрит У: бисквити В: ноќна на Хип со коморач и јаболко
9++ Д: Овесни снегулки со банана и какао У: Бисквити 2 од Холе и лебче Р: Тарана У: Доење В: Бејбилав инстант каша со малини и житарки
11+ Д: овесни и јаболко У: палента со ад Р: леќа, тиквичка, батат, морков, лук У: банана и цреши В: кифличка со урда и јогурт
Вчера Д: Овес со пола банана, круша и вишни У: Пола банана Р: Мисиркино со компир и брокула В: Палента со ад и пола тегличка хип кајсија Денес: Д: Овес со остатокот од кајсијата У: Беби двопек со кисело млеко Р: Компир, морков, карфиол и боранија В: Житарици на хип со банана и какао со адаптирано
Да да, и ние имаме денови такви. Вчера се понашаше како прв пат да јаде телешко со компир, со плачење со буткање тањир. Денес ќе видиме Мислам и од топлото не им се јаде.