Префрли се во тема дете, таму има подтема за јадење 1-3 год ќе читаш искуства. Сол ставам од плава ќесичка од Алкалоид, јодирана ја пишува. Ама не и ставам многу, иако е над годинка малава.
Јас и давам од сите, ама со нај голема масленост 9% што сум и дала е овој. Превкусен е и јас го обожавам.
Овој е грчки ТИП не грчки јогурт, многу помалку протеини има и согласно цената му е пониска. Крикри и Олимпус се грчки јогурти. Фарма бела на кам е исто грчки ама прашкаст некако. Инаку сите млечни производи се даваат полномасни.
Ту бре Ноеми па и ти, само нè строиш на форумов еве јас пишав од сите и давам. Еве го тој со 10% масленост..овој има нај веќе? Ја затоа и павлака и давам 20% масленост, да си ручка дете
Ех абе не е строење зашто да не си споделиме информација, башка лажен маркетинг многу ме нервира. Иначе секој што смета за правилно ќе си дава на детето. Тоа за масленоста е за развој на мозокот и раст дека нагло растат првите две години и им требаат масти. Од грчките тие со 10% се највеќе да, а павлаката си е 20% секоја мислам. Исто и киселото на Алпско е полномасно, Битолското е малку помалце. И на крај пак ќе лиже бетон на 2 години