11+++ Д: Тарана У: Шмукалче и бисквити Р: Палента со спанаќ и грчки јогурт У: Доење плус лебче В: Просо со банана и какао
Мајки да ве прашам како оди воведување на доручек 5м е дали е таман време досега и давав правени овошни кашички ама гледам дека не ја држат мн сита па сакам да пробам со ориз да направам каков користевте и колку со колку стававте Фала
Мајки здраво, Ние сме 9++ и сакаме да јадеме веќе залчиња, да не биде пасирана храната. Денес ми е во план за ручек плескавички од телешко. Со што би можела да и ги дадам во комбинација, со што комбинирате вие? Немам никаква идеа
Активно ја читам темава зошто за месец ипол почнуваме со ручкање и ние и морам да ви се поклонам па овде има готвење бе, кај ја ќе стигнам ова се да и зготвам плус и за нас ручек Класично ќе почнам јас немам храброст за блв, али свака част секако
Хаха си бара не викам не, ама голем дел од работите (тоа што е мафини, палачинки, ќофтиња и сл) ми се заледени, или ќе ги направам сега и ќе ги заледам за следен пат, така да тука олеснува. А другото генерално се се готви брзо
Реџепта може за нафиниве и ќофтиња.Моиве сега ќе полнат 11 месеци само палачинки со овес и банана им правам со жолчка,уште немам белка дадено.Немам идеи веќе за јадење.Смее ли мелено месо да се дава и како даго комбинирам
Јас давам се уште од старт, така да мене ако ме прашуваш смее Јас секако го давам, ќофтиња, болоњезе, во манџи (еве денес ќе и правам киноа со доматен сос и мелено месо). Ќофтињата од мелено како за нас, месо, јајце, презла, кромид, зачини (без сол секако). Ќофтињата од тиквички, рендани тквички и морков убаво истискани од водата, јајце, брашно, зачини. За мафините сега ќе прикачам некој рецепт од нив, немаат наслови ама ќе се снајдеш
Па не знам да ти кажам искрено Пробај, а треба да има некој рецепт и без јајце што е. А можеш и да најдеш еден куп рецепти и воопшто без јајце, наместо тоа па со грчки јогурт. Технички секој рецепт за мафин можеш да го користиш и само ќе избациш шеќер
Треба да станам поактивна на оваа тема. 10++++ (вчера, не беше во градинка) По станување: 240 мл формула Д: Ориз со тиква, јаболка, круша У: Биквити и шмукалче овошно Р: Телешко, домат, кромид, модар патлиџан, грашок, тиквица У: Шмукалче овошно В: гриз со банана Пред спиење: 240 мл формула
И мене ми беше интересно да пишувам ама гледам слабо активна темава па престанав, ама чим ја активиравте пак ќе почнам. 8+ Д: тарана со грички јогурт Р: телешко, кромид, батат, путер В: гриз со јаболко и банана
Моите сега ќе полнат 11 месеци,јас и преку ден им давам млеко формула зависи колку јаделе 60,90 мл и навечер пред спиење и во текот на ноќта ако се разбудат за млеко.Еднаш,двапати пијат во текот на денот,зошто незаспиваат без да пијат млеко,менувам со чај некогаш.Можеби заради млекото неми јадат количински оброци
Ајде и јас да пишам во темава иако сме само на доручек и ручек 6++ Д: просо со крушка и банана Р: компир, батат, морков и спанаќ со маслиново масло утре: Д: палента со крушка и авокадо Р: телешко со ориз и маслиново масло