7 месеци Појадок: Семолина и банана Ужинка: бисквитче Хип Ручек: Ориз, пашканат,кромид, месо свинско и малку компирче како за вкус. Вечера: палента и јогурт грчки. Башка доење..
8+++ Д: тарана со грчки јогурт Р: пилешко, батат, тиквичка, кромид, путерче У: овошно шмукалче В: ноќна каша на хип со беби бисквит и јаболко
Леќава баш манџичка и ја даваш? Вчера и направив и со ова што уплав имам да не не знае да џвака, после се каев што така потечна ја направив. Дека грубо падисирано и давам.
Зависи, првпат кога и дадов беше грубо пасирана со малку вода и ги вадев лушпите, а овој пат и дадов од црвената леќа и малку повеќе ја варев па сама се распадна, ама генерално гледам со малку водичка и така грубо пасирана да е, и мене ми е страв да не се задави од цело зрно.
Да, и јас леб и мацам, си обожава. Додуша мојата лебарче е , ептен сака леб, во маркет кога ќе ги види рафтовите со леб урла да и дадам.
Јас давам од црвената како манџа, е сега не ја правам многу течна, ама не ја пасирам никако, како што ќе си се свари така ја давам, нема гајле ситни зрна се тие, не може да се задави. Дете може да се задави само од парчиња што се големи колку нивниот душник, да се заглави. Леќата и да не ја изџвака ќе се лизне низ хранопроводот
Не ми е страв дека ќе се задави. Ептен имам уплав да не е течно па да не се научи да џвака, дека јас грубо пасирано давам, и некогаш ми личи ко да не знае да џвака, а некако не ми е па и само суво да јаде, сакам и манџиче малку, затоа со леб мислев.
Ааааа, па би требало и тие работи да ги подџвакнува малку. Еве на пример ако даваш леќа, овес, ориз цели непасирани би требало да ги вртка низ уста пред да ги голтне, уствари така ќе пробува да џвака. Си ја приметила така да прави? Јас леб така уште не сум дала, дека е мек и страв ми е со џвакање да не стане како топка (затоа и на почеток се дава тостиран леб), смс вие сте доста поголеми, и плус во манџичка валда ќе е океј дека натопен. Ама можеш со други слични работи, на пример палачинки, мафини... Тие не се баш толку суви како само леб
Заради фамилијарна алергија на јајце, немам дадено белка уште, после година ми рекоа. Само жочка јаде, со нејзе е оке, па малку сум ограничена со работи. Иначе не пасирам ориз и сл, цели зрна јаде. И леќата не и ја испасирав, ама ете ептен ми е тоа страв. Иначе попара со кисело млекце јаде, гајле нема за леб во нешто.
Ааа така за јајцето. Епа замени јајце со "јајце" од ленено семе, така пробај ако сакаш да и правиш такви работи за да си џвака
Веганско јајце мелено ленено семе и вода, ги има карактеристиките што ги има и јајцето во печење Еве кај Марија има и статија со алтернативи за јајце https://marijamarijamarija.com/zameni-za-jajce/ Аи на нет сигурно ќе најдеш еден куп рецепти за палачинки, мафини и сл. без јајца. Често знам и јогуртот заменува јајце, бананата...
@lala15 пробајте со парчиња лепче внатре, но лепчето да е поголемо парче кое ќе ја упие кашата. Ако е ептен ситно и разронето ќе има лоша текстура која ќе им направи гаг рефлекс.
Па јас на неполни 7 давам како замена за кашички некако поубави комбинации има а и без шеќер се, во голем дел од кашите има шеќер. Од различни зимам зависи која комбинација ќе најдам, најмногу од alce nero или holle. Holle ги имаш во zegin, alce nero на повеќе места пример во веро и paket.mk
Д: чиа пудинг со шумско овошје, банана и путер од кикирики У1: банана У2: шмукалче Р/В: полнети пиперки