Веќе две недели по ред се трудам да ги потрошам залихите од замрзнувач. Лекција за следен пат: направи пола доза од рецептот
И јас сакам вака да си планирам, ама моево е нејадач прва класа и скроз ми крши филм денес и напраив мини палачинчиња + печев крокети..ми ги фрлаше од хранилка
Баш ќе ги пробам дали ќе ги сака. Купечки кашички не ги сака па сама и подгорвувам затоа и не ми се познати баш ама вратив поназад на форумот видов кои се сум ги видела во зегин. фала ти
Немам воведено ни глутен ни кашкавал рано и е амааа само што купив тарана да пробам вака за мене и мм, вкусно ми звучи
Нас дома ни е баш staple food, еднаш неделно обавезно ова ни е оброк. Денес пола кесиче направив, гладни останавме Инаку со ајдамер најубаво е.
Маслинки досега сум ставала многу малку (2 маслинки отприлика во палента или кајгана) и затоа давав едни грчки што ги знам дека се квалитетни иако беа солени. Ама ги потрошив и сега сакам да земам несолени да и ги давам и да ги грицка дека веќе може да си ги фаќа со пинцета фатот, ама не знам што да земам, претпостаувам од Веро на мерење ќе пробам некои ако има
На Сентела т.е. црвениот бренд во КАМ маркет што е, таа е посна и без јајца, (реално секаде ја има сега) Дим, Стокомак, Жито маркети... Големината и е репетативна и е лесна за правење. А од кога воведов јајце понекогаш давам домашна тарана, под тој назив се продава, и изгледа на рендано тесто со разни големини и бара подетално готвење дур да се сварат и најголемите таранички Се надевам ти објаснив.
Таранички бе Правеше баба ми на времето таква домашна на едно како сито многу ми беше грда текстурата од тогаш имам одбивност, ама оваа за беба ќе е екстра.
да, текстурата е чудна на таа, таа убава ми е да ја печам со јајце и кефир на пример, како јуфки што печеме, или да ја измешам со јуфки. А оваа посната, топ ти е, мојата со рендано патлиџанче спурено ја јадеше многу.
Д: Палента со авокадо и манго Р: малку шмукалче сладок компир, морков, грашок (holle) (неуспешен обид да проба ручек надвор без да се направи лом) Д: Палента со слива праска крушка Р: телешко со останатото шмукалче сладок компир, морков, грашок (holle) Д: Амарант со слива праска крушка и банана Р: палента со тиквичка морков целер Д: Овес со слива праска крушка + цимет Р: телешко со тиквичка, морков целер Д: Ориз со шмукалче јаболко праска кајсија (alce nero) Р: сладок компир со карфиол пашканат и кромид + маслиново Планови за од утре натака: Д: Амарант со остатокот шмукалче јаболко праска кајсија Р: мисиркино со сладок компир карфиол пашканат и кромид + маслиново Д: Oвес со кокосово млеко и банана Р: компир со пиперка брокула и целер + маслиново Д: Овес со кокосово млеко и каша јаболко (holle) + цимет Р: мисиркино со компир пиперка брокула и целер + маслиново
8+++ Д: мултигреин со јаболко и слива Р: ориз, спанаќ, кромид и путер У: неколку смокички В: ноќна на хипп со гриз и банана