Мајки, 11 месеци сме. Околу 8.2кг. Бебе пие Ад во 6:30-7ч околу 180мл. Доручек во 9ч околу 150-200 гр. Кај 11:30-12ч Ад 150-180. Потоа ручек 14:30-15:00ч околу 200 гр. Вечера во 17:00-17:30ч, 180-190 гр. Пред спиење млеко 210мл во 19:30ч. Дали е многу блиску млеко со оброци, што мислите дали е добар распоредов?
Утро: Семолина со праска и јаболко Ужинка: Смокички од Хипп Ручек: Палента со жолчка и грчки јогурт и малку маслиново масло. Вечера: Круша,слива и малку овес.
Еве ја оваа недела како тера Утре конечно ќе дадам риба за прв пат, и планирам и секој нареден ден по малце ама не го пишав во планот
Оброци од деновиве: Доручеците ги јаде ама ручеците ми ги одбива па теравме и со некои купечки каши Д: Овес со кокосово млеко и банана Р1: компир пиперка брокула и целер+ путер : нејќеше да јаде ич Р2: каша морков тиква ориз (baby bio): касна малце ама ја држеше љутината од претходниот бљак обид за ручек Д: Ориз со АД + јаболко и крушка Р: Пилешко со тиквичка праз и пашканат + путер: нејќеше да јаде Д: Амарант со авокадо и крушка Р: каша морков тиква ориз (baby bio): си ја дојаде од претходниот ден со сласт хах.. Д: Овес со АД + јаболко и банана + цимет Р1: телешко со тиквичка праз и пашканат + маслиново нејќеше да јаде ич Р2: каша мисирка пченка компир (hipp): касна малце ама ја држеше љутината од претходниот бљак обид за ручек Д: Ориз со шмукалче јаболко боровница слива (holle) 115 Р: каша мисирка пченка компир (hipp) : ја дојаде таа од вчера цела со сласт ццц... Д: Овес со кокосово млеко + дуња и јаболко Р1: Телешко со компир, сладок компир, морков, кромид: нејќеше да јаде ич Р2: каша на хип со карфиол морков пченка компир: ја изеде скоро цела а одвратно мирисаше.... Д: Палента со дуња и авокадо: нејќеше да јаде па додадов пола тегла јаболко (holle) и изеде скоро се... Р: пилешко (holle) со тиквичка и пашканат Утре план Д: Амарант со дуња и јаболко Р: палента со тиквичка и пашканат + куркума и маслиново
На мк табелите не ја најдов нигде а на странски од 6м пишуваше, јас на 7м дадов ама обавезно варена дека знаела проблем да направи на меше. Од истата што и ја сварив на пареа, каснав малце свежа и ме стегна стомак Бебе со сварената немаше гајле и во комбинацијата со јаболко ја сакаше
Баш утре ќе пробам, инаку и ние сме во иста состојба како вас, ручекот никако да го изеде. Не знам зошто веќе 2 запчиња извади, дали иде уште едно сега не знам. Се надевам ќе се врати апетитот.
Јас прво мислам и го утнував времето кога и давав, не беше премногу гладна па после па прегладнета а сега највероватно и ги утнувам комбинациите ретко и се допаѓаат. Имај друга идеја да понудиш ако не сака, еве кај мене неколку пати ја прифати втората опција ручек
9+ Д: овес со јаболко и слива У: бисквитка хипп Р: телешко со грашок, тиквичка, домат, кромид и путерче У: банана В: палента со грчки јогурт
Денес ги утнавме распоредот со оброци.Дали е касно веќе да им дадам болоњезе кашичка или нешто полесно да им направам,пр.кексолино
Еве денес доручек супер изеде а со ручекот иста приказна неколку лажички и после драми. И дадов палента со тиквичка пашканат и морков. Ми текна дека може е густичко ама не сакав да го разредам со вода и среќа ми текна дека имам тегличка од холе пашканат и додадов третинка од таа, измешав во домашната каша и си изеде скоро се. Вкусот не беше нешто многу сменет (дека си имаше пашканат од предтоа) ама текстурата да. Така да највероватно суви и ги правам ручециве од страв да не се капе цела а си сака посочно да е. Пробај види да не е истото и кај вас
Да и мојава купените ги јаде сака потечна текстура. Јас денес веќе ме фати нервоза и реков и давам на парче. Па поминавме сабајле со авокадо и банана така, ручек компир и морков од кој морков успеа малку. После си велам жива гладна е хаха и и дадов цвекло, дуња и јаболче и помина конечно кашичката и вечерва овесни со јогурт и банана пола кашичка. Ќе правам потечени и јас
9+ Д: палента со младо сирење Р: пилешко со морков, пиперка, модар патлиџан, лукче, путер У: малку печено јаболко В: ноќна каша на хипп гриз со банана
Д: палента со путер У: Хипп бисквита Р: месо телешко, брокула,палента, морков В: кашичка купена - киви,јаболко, манго.