Каде наогаш свежи сливи? И ние сме во фаза на пробување слива и кајсија но преку готови на хип ке морам.Нели нема сега кајсија и слива(освен сува)
kako gi prigotvuvate bas ovie ovesni snegulki ?gi melite, varite, poparuvate, sakam da probam, imame 9 meseci
Ги потопувам во јогурт, киснат петнаесетина минути и ги давам. Некогаш со овошје, некогаш само со јогурт, а најчесто ги ставам во смути - сите состојки ги ставам во блендер/сецко (овошјето и овесот заедно) и мелам, па давам како оброк, најчесто наутро. Со јогурт може навечер за вечера. Ако е твоето навикнато на блендирање, изблендирај ги. Недостатокот кај овие снегулки е тоа што имаат лушпи кои се прилично остри и цврсти, па внимавајте, извадете ги тие што ќе ги видите, заради бебето, бидејќи сепак се работи за 9-месечно бебе. ЕДИТ: Суво овошје може, само гледај да е природно сушено. Накисни го убаво во врела вода, нека омекне, излупи го, и измешај го со останатото овошје што го даваш. Само не ставај премногу од сувите овошки, доста се благи. Инаку, пред година може урми, суви сливи, суви кајсии и суво грозје. Смоквите остави ги за подоцна.
Модри сливи купив и јас органски, барем така кажаа, од фб најдов една страна, и без семка се 350 мкд за 1 кг. Истите луге се од Агромакс, ама овие се во обична кеса, па од тука и разликата во цена. А за кајсии не ми текнало да земам , инаку од Биокулт купувам и јас. Фала на инфо.
Овие последниве ги земав од Тинексот во Лептокарија, а претходните од Веро во Тафталиџе. Кога-каде ќе начекам. Ама од големите грчките се. Ме убедуваше една мајка дека било подобро готова на хип да давам одошто увозни сливи ама јас не се согласувам со тоа, па затоа ги земам. Ако ти е шубе дали се прскани како и се друго, пола саат во вода со сода бикарбона нека постојат и после излупи ги.
Јас еднаш земав од свежите сливи во Веро но не ми се допаднаа, кисели ем увозни, и си реков веке не купувам додека не излезат домашните. Купувам само суви на Агромакс, ги варам десетина минути за да омекнат. Ги видов и тие во Биокулт но кога ја видов цената се предомислив. 250 ден за 200 грама е ту мач!
Денешното мени: 10:00 каша од кајсија 125гр 12:00 млеко со бисквити 100гр 16:00 пилешко месо, блитва, компир, пашканат и маслиново масло 220гр Во 20 часот ќе вечера ноќна каша од Хипп. Цицавме 4 пати досега, пиевме 200 мл вода и сок од слива 70мл.
Нашето денешно мени: -Палента (прв пат), круша и банана Пиевме 30мл. вода и нормално цицање кога сака и колку сака
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Просо, јаболко, авокадо и рогач * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Црвена леќа, морков, пашканат, црвена пиперка, млад кромид, млад лук и нане + маслиново масло * Доење кога сака колку сака! - Вечера (18:00-19:00) - Каша/ Јогурт и пченкарни снегулки
И ние сме со леќа за ручек @Jagoda123 рогач, од кога даваш? имам купено ама се мислам дека после година требаше....
Денеска дадов прв пат, а баш вчера читав за рогачот, не бил јак алерген па може да се даде пред година. На син ми многу му се допадна кашичката. Појадокот ми е многу едноличен па не знам веќе што да изменам, што ново да воведам. Вкусна беше кашичката, купив и хељда (знам дека е алерген, иако е безглутенска житарица се препорачува после навршена година) но ќе ја воведам деновиве. Морам нешто да сменам, се едно исто појадуваме. И вечерата ми е многу проблематична, останав без идеи.
Јас за појадок вртам: јаболко, круша, банана, јапонско јаболко, авокадо некогаш со житарици, некогаш со 2 мали бисквитчиња од хипп (ретко е тоа). Вечера: палента со кисело млеко, или со авокадо, или малку јаболко, од хумана кашите за растварање со вода што се (тие макс.1-2 неделно), лепче со кис.млеко, јуфки без јајца , овесни снегулки со кисело млеко, пченкарни со кисело млеко. Ужина: варени модри сливи со гриз, варена тиква црвена со нешто-житарица или некое овошје ама доминира тиквата, жолчката со малку зеленчук.... За ручек највеќе избор има, значи се од зеленчук, месо а доста имам воведено така да не е проблем. Нова тактика ми е, дека сум отсустна до 18 часот, два пати јаде зеленчук, еднаш овошје, дека има избор повеќе зеленчук. Некогаш за промена давам купечки каши од хипп од праска и кајсија, ама тоа е ретко. Еве сега планирам од Биокулт да земам и суви кајсии. Од житарици јадеме: палента, ориз, киноа, просо, амарант.
@Jagoda123 хељдата не е јак алерген не се плаши. Само се препорачува малку покасно од другите безглутенски затоа што има многу протеини и се смета дека е потешка за бебешкиот организам да ја искористи. Мојата ја јадеше првите неколку пати, сега цела ми стои не сака да ја виде. :/
Нашето денешно мени: -Палента (втор пат), јаболко и слива (компот без шеќер) и се изручкавме Пиевме 30мл. вода и нормално цицање кога сака и колку сака
@joy1 фиде немам дадено, а ни макарони. Се плашам дека ако ги блендирам ќе станат како тесто, тегави, никакви. Давам кус-кус, просо и киноа, а за Бадник месев интегрално лепче само за да може и син ми да проба. Убаво го прифати, планирам пак да замесам, па дури и од 'ржано и брашно од хељда ама се тоа ми оди во комбинација со зеленчукова каша. За зеленчуковите кашички имам гоооолем избор и куп идеи, со појадоков (а појадува овошје) и вечерата ептен ми се исцрпени сите идеи.