10+ Д: проја мафини + боровинки Р: телешко со грашок, модар патлиџан, кромид и путерче У: хипп бисквита В: грчки јогурт со овес, јаболко, авокадо и малку цимет
10+ Д: банана палачинки, авокадо Р: леќа со лук, морков и лебче надробено внатре (ја обожаваше) У: печена тиква В: инстант каша на хипп со овес и јаболко
8+ Д. Јапонско јаболко, банана праска и јогурт. Р. Телешко месо, брокула, ориз, морков и компир со маслиново масло. В. Хип каша јаболко бисквита.
Најпрво ја оставаш малку да отстои во вода и ја миеш. Малку лук, морков исецкани заедно со леќата ги ставив да се варат. Откако се свари, ставив малку маслиново. Испасирав и внатре додадов малку лебче. Баш како манџичка беше, како јас што ја јадам. Е сега може да ти испадни погусто/поретко. Ти ќе си го направиш како што ти го јади бебе. Лебчето секако можеш да го прескокниш.
10+ Д: ќофтенца од тиквица и морков Р: грашок манџа со стек, морков, кромид, маслиново У: лино смокички В: мултигреин со банана, боровинки и малини
8 месеци Д : палента со манго, јаболко, банана и морков Р : телешко со лукче, тиквица, морков, бејби спанаќ, маслиново и малку експадиран амарант. В : 7 вида житарици со круша и слива Д: Ориз со авокадо, јаболко и круша Р : Сладок компир, кромид малку, пашканат, морков, тиквица и брокула маслиново масло. У: смоки од хипп од просо x3 В: Палента со дуња и јаболко
Инстант каша е? Има од готовите ноќна само со 7 вида житарици е без овошје, многу ја сака па ако има инстант да му земам .
10++ Д: банана палачинки, малини и боровинки Р: мусака со кисело млеко У: шмукалче на хипп В: лебче и јогурт
Мајки дајте предлози за оброци,доручек за над една годинка бебенца.Веќе незнам што да нудам и правам за јадење
10++ Д: тарана со сирење Р: компир манџа со телешко и морков У: печено јаболко со цимет В: гриз со банана, боровинки и малку од печеното јаболко
Парчиња јадат ли? Овесни палачинки со грчки јогурт и овошје кај моево беше омилено Се случуваше сеуште од кутиите на Хип да измешам житарка со банана и друго овошје Тост леб потпечен со намаз Од овој канал често идеи гледав https://youtube.com/@lifewithmyrainbow?si=4-nRD2gvFyzgjp0_
Да те замолам да ми пратиш рецепт за кофтињата и некои проички без јајце ако имаш, уште не сум дала да проба.
Обичните ќофтиња и ги правам како за нас, мелено, јајце, презла, кромид, морков, и најчесто оригано им ставам. Верувам можеш и без јајце да ги правиш, евентуално можеш да ставиш грчки јогурт малку за да ти врзе. Тие со тиквичка слично, рендам тиквичка, морков, презла, јајце и некој зачин (ама исто можеш грчки наместо јајце). Се пржам на маслиново А проја мафини еднаш свекрвата и правеше ама не ги бендиса, мн се распаѓаа и и се лепеа за јазикот, после јас проваб како пита да направам ама многу од око ја правев и таа не ми ја сакаше баш баш
7++ доручек: просо со круша и јаболко. ручек: батат, тиквичка, авокадо, цвекло, малку масло од маслодајна репка на Хипп. вечера: житарки со млеко.