Одамна давам вечера ние доручекот покасно го воведовме. На сабајле доволно и беше млеко па накај 12,13 давав ручек и пробувавме вкусови а штом проба житарки веќе почнав со вечера. Не јаде секој оброк по 200 гр нормално, јас сум повеќе за почесто но помалку количински. Прати го бебето ако има апетит, ако мислиш дека ќе јаде, ако се буди често ноќе воведи вечера. Нема правило. Јас дури и се мислам сега за ужинка пошто ручекот ни е во 12,13 вечерата во 18 па тоа време измеѓу ми изгледа ко да е малце гладна. А цица минимум 5 пати во 24 саати (со ноќно будење).
Фала на одговорот, ние касниме со воведување на жолчка таман што сакав да ја воведам настина па проблем со забите, на почеток имав мака со непиење млеко сега со нејадење на каши, насабајле давам кога ќе стане млеко па по еден час давам каша, некако се чуствувам како неснајдена во исхранава, компир,морков,пашкант,ориз,карфиол,брокула,спанак,тиква,тиквица,кромид,банана,јаболко,круша,слива,праска,кајсија,палента,просо,овесни снегулки,течешко месо, давам и јогурт, ова е се што имам воведено, некако се чустувам како побркана со исхранава
Следи си го бебето ако мислиш дека не и е доволно воведи и вечера или пробајте за почеток да видиш како ќе оди. Можеш и авокадо, пилешко, мисиркино месо и гриз да воведеш. Гриз јас понекогаш давам како вечера. Ако не се лажам вие бевте на ад. Тогаш со педијатар консултирај се најдобро или некоја членка нека ти каже нејзино искуство кога дава кашички кога ад.
Мајки како и кога да воведам јаткасти? Најдов еден крем 100% природен без додатни шеќери од индиски ореви. Дали е океј тие прво да се воведат?
Ќе почнам полека да и воведувам и други работи, ако може некоја членка што и е малечкото на ад да ми каже каков распоред имаат на исхрана на 8 месеци
Вака давам доручек кај 7-8 ручек кај 11-12 вечера кај 17 ч Измеѓу смоки давам исто. заспива 8 ипол, млеко давам измеѓу ручек и вечера 210 мл , вечерата ми е со млеко, житарка и овошје и пред спиење пак млеко 210мл. Одкако забов излезе послабо ми јаде количински, и знае да стане навечер со плачење во сон, затворени очи и тешко презаспива па давам млеко. Сега тоа може да е преку ден два. Некогаш во 2, некогаш во 4ипол 5 часот . Вчера ја мерев ми намалила 300г. Што не е малку и докторкава ми вика слабо јаде појачај, 600мл млеко со вечерното и по 300г каша за ручек доручек вечера. А несака толку. Несакам да ја форсирам, а му викам на мм што ако затоа се буди дека е гладна а не од забот. Незнам.
Тука негде се мојава и твојава со возраст, мислам мојата малце постара е а далеку помалку јаде од твојата - околу 300 грама вкупно во денот и се собираат последниве 2 месеци. Пробував се можно и џабе тоа и е лимитот дури и по 3 саати да е гладна пак 100г ќе изеде. Можда си ме читала се жалев многу и еве уште се нервирам ама па цица ваљда доволно и си надокнадува пак напредува добро. За 10 недели качи околу 700г, што за оваа возраст ми рекоа е супер. Е не знам крвта како и е не стигнав да ја боцнам, планирам деновиве. Моите нервози се дека многу ме исцицува и тешко ми е стварно, да беше на АД немаше да ја форсирам за цврста храна. Така да не знам не сум доктор ама можеби е подобро повеќе млекце да пие наместо цврста храна, се уште се малечки и викаат примарно треба да им е млекцето.
Па еве за неколку дена сме 9 месеци. Незнам ако и појачам млеко па ќе намали скроз храна. А баш гледам храната да е богата и хранлива и разновидна. Крвта и е супер и хемоглобин и све. А да ми рече пико б комплекс да и дадам да зголеми апетит.
Чим крвта и е супер ваљда не е страшно иако малце симнала кг. Се мислев и јас за нешто за појачување апетит ама со забиве џабе мислам ќе е, горниве претешко ги вади а еве сега двојка и набабри. Ќе ставам амарант во секоја можна каша хах….
Исто и мојот така јаде, само што јас сакам да го одбијам од доење на годината и се нервирам ако продолжи вака со јадењево . Е сега има и добри денови кога јаде се по 170-80 грама, ама тоа ретко.
Значи не сме само ние… Еве сега спонтано и давав демек да проба малце јуфки со грчки јогурт и тоа парчиња големки се изналапа, не мерев ама сигурно беше над 100г. А требаше уствари да цица според “распоредов” мој, веќе доручкувана беше во 7. Не знам што да кажам ама гледав и дека реално препораките не се толку количински да јадат до 9м, дури после 10м вика од 200 нагоре. Вие уште немате 10 нели? Јас среќа уште 3м ќе сум дома со неа па на годинка во градинка, не знам како ќе правевме да мораше сега во градинка
Не сме далеку од 10, една недела ни фали. Јас си се надевам дека подобро ќе јаде кога ќе го одбијам, сега ми е битно да му нудам да испробува и истражува.
Па и јас тоа си викам да нема битно аверзија да сака различен тип и текстура на храна па за количина отом потом.
Мојата слабо јаде каши некогаш ни 100 грама не јаде, 200 никогаш нема изедено, сега е доста ослабена на 8 месеци има 8 заби, ги вадеше наеднаш по 2 можеби е поради тоа, сега имаше два дена тт 37.5 затнато носе па по два дена осип и се појави, на доктор ни рекоа дека е по прележан вирус, еве денес дадов 6 сабајле млеко 230мл,па призаспа стана во 9 каша јадеше 100,и сега ќе и давам ручек каша ако и дадам млеко нема да јаде ручек, пак си викам некаде утка правам распоредов катастрофа никако да фатам некој ред
Ајде и ја да почнам тука да си пишувм од денес ручек почнав да давам здравје од наредна недела и со мевце почнуваме 6+++ Д: палента + крушка + јаболче / изеде 120гр Р: просо + батат + морков / прв ден ручек изеде 70гр само па и дадов и да цица
Доручек: амарант со круша, јаболко и кокосово масло. Ручек: компир, тиквичка, авокадо и малку јогурт. Вечера: житарки со ад.