Извинете јас сум нова во темава, може и не е за тука ама да прашам.. бебе на 18ти прави 5 месеци и одобрено ни е од педијатар да почнеме со кашички. Па да прашам до кога дававте само кашички со зеленчук и овошје? и гледам ориз се дава, како го припремате и на која фирма?
Најпрво се почнува со вкусови па потоа само овошје и зеленчук и од 6месеци се воведуваат и безглутенските житарки како ориз, палента, просо, амарант итн
Јас користам на хип, три четири лажици во малку провриена водичка и одма згуснува, потоа го мешам со зеленчук или овошје
Не би рекла дека не се дава туку да се внимава на количина, да не се рачуна компирот како зеленчук туку како житарка (а реално не знам дали ова важи за бататот/слаткиот компир). Пример во комбинацијава на @Baby warrior ако вкупно и е една третина сладок компир и ориз а 2 третини тиквичка, тогаш ручекот е балансиран. Јас би рекла само дека фалат масти, пример некоја капка маслиново.
Не сум и ставила уште масло, баш денес ќе пробам и спремам просо со морков и тиквица ќе капнам и две капки маслиново да пробам
Да..ориз, батат, компир не се мешаат со житарки други, само со овошје зеленчук и мене ми потенцираа бидејќи мојов имаше проблем со какање како мал дури и морков помала количина да ставам во комбинација со овие
Искрено не гледам што би бил проблемот ако се даде ориз и компир баш ме интересира дали сервирате и другите вака? Баш никој не ми спомнал од почеток така и готвам. А и регуларна комбинација е и за возрасни нели … иначе редовна столица си има еднаш до два пати дневно
И житарка и ориз/компир, се иста фамилија на јаглехидрати. Ќе му дојде како дупла доза на јаглехидрати. Не дека е страшно, ама подобро за варење на храна ти е, житарка со овошје или млечен производ ( откако ќе воведеш) и ориз/компир сп зеленчук и месо ( и ова откако ќе воведеш). Пак ќе кажам не дека е страшно, само може тешко на мешето да и биде, додека се свари храната.
6+++ Д: банана + круша + палента / изеде 120гр Р: просо+ морков + тиквица + кромид + две капки маслиново прв пат / изеде 150гр
Здраво! Може ли да споделите кое лепче го купувате? Од Фурна Диме многу често наоѓам како камчиња. :/